Свет

Смртоносен оброк во Истанбул: Починаа мајка и двете деца, таткото в болница

Во болницата, најпрво починале децата, а кратко по нив и мајката. Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, соопшти дека четворица улични продавачи се уапсени во рамки на истрагата, меѓу кои лица што продавале школки, сладолед и „кукурек“. Од повеќе локации каде што биле услужени туристите, надлежните органи одзеле примероци од храна за лабораториска анализа.

Тешка трагедија го потресе турско-германското семејство Бочек за време на нивниот одмор во Истанбул. Мајката и нејзините две мали деца – шестгодишниот Кадир Мухамет и тригодишната Масал – ги загубија животите по наводно труење со улична храна во познатиот кварт Ортаќој. Таткото, Сервет Бочек, е хоспитализиран на интензивна нега и сè уште е во критична состојба.

Семејството, кое живеело во Германија, пристигнало во Истанбул на 9 ноември. Според турските медиуми, два дена по пристигнувањето консумирале храна од улични продавачи – полнети школки, супа, традиционален специјалитет „кукурек“ и печен компир. Неколку часа по оброкот, сите членови на семејството почувствувале силно гадење и повраќање. Откако првично биле примени во болница и пуштени, нивната состојба нагло се влошила.

Во болницата, најпрво починале децата, а кратко по нив и мајката. Турскиот министер за правда, Јилмаз Тунч, соопшти дека четворица улични продавачи се уапсени во рамки на истрагата, меѓу кои лица што продавале школки, сладолед и „кукурек“. Од повеќе локации каде што биле услужени туристите, надлежните органи одзеле примероци од храна за лабораториска анализа.

Истрагата се води од јавното обвинителство и здравствените служби, но конечните резултати од анализите сè уште се чекаат. Локалните власти предупредуваат на зголемени ризици од нерегулирани улични продавачи, особено во туристичките предели на Истанбул.

Дополнително, двајца туристи од Италија и Мароко, сместени во ист хотел во Фатих, исто така биле хоспитализирани со симптоми на труење со храна. Овие случаи предизвикаа загриженост кај туристите и институциите за безбедноста на храната во најфреквентните делови на Истанбул.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Најгрдата принцеза во Европа – Kаков хорор доживеала?!

Принцезата Калина живее помирен живот, со својот сопруг и син, Симеон Хасан, роден во 2007 година. Момчето зборува повеќе јазици и расте во мешавина од бугарска и арапска култура – истиот мост меѓу световите по кој оделе неговите родители.

Како европските сили го поделија и колонизираа африканскиот континент

Африка беше поделена од европските сили според нивните сопствени интереси, без оглед на етничките, културните или политичките граници. Најголемите делови од континентот им припаднаа на Велика Британија, Франција и Белгија

Кина им препорача на своите граѓани да не патуваат во Јапонија

Кина им препорача на своите граѓани да избегнуваат патувања во Јапонија поради тензиите предизвикани од изјавата на јапонската премиерка Санае Такаичи дека Токио би можел воено да интервенира за да го одбрани Тајван, остров што Пекинг го смета за отцепена покраина.

To top