Македонија

Тешка сообраќајка со смртни последици на „Борис Трајковски” во Скопје

Се судрија „голф“ и „БМВ“, возачот на „голфот“ на место мртов, уште тројца се повредени

На булеварот Борис Трајковски во Скопје, вчера околу 23 часот, се судрија „фолксваген голф“ и „БМВ“, двете со скопски регистерски ознаки. „Голфот“ го управувал 56-годишниот С.Х. од Скопје, а „БМВ-то“ 28-годишниот Ф.П., исто така од Скопје.

Ударот бил толку силен што возачот на „голфот“ починал на самото место. Екипа на Итната медицинска помош само ја потврдила неговата смрт. Повредени се неговите сопатници – 52-годишната Н.Х., 24-годишната М.Р.А., двајцата од Скопје, како и 28-годишниот Ф.М. од Косово – а повреди добил и возачот на „бмв-то“. Сите биле пренесени во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ и во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им биле констатирани телесни повреди.

На местото на несреќата работеше јавен обвинител заедно со полициски екипи. По негова наредба, телото на загинатиот е предадено на обдукција.

Најнови вести од: Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на Самитот на Европската политичка заедница во Ерменија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова престојува во работна посета на Република Ерменија по повод учеството на 8. Самит на Европската политичка заедница што се одржува во Ереван под мотото „Градејќи иднина: единство и стабилност во Европа“

Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, туку правда и зачувување на својот македонски идентитет

„Голо Брдо и Гора не бараат привилегии, бараат правда, бараат сами да одлучуваат за својот локален развој, да го зачуваат својот македонски идентитет и да имаат еднаков третман како и сите други заедници во Република Албанија“, изјави Едмонд Темелко – поранешен градоначалник на Пустец

На 9-ти мај Вреди ќе ги помати сметките на ДУИ

Деветти мај се приближува и со него доаѓа силна, голема ВРЕДИ, распространета од Липково до Струга, велат од партијата истакнувајќи дека 5 партии стануваат една и тоа им ги расипува сметките на сите што живееле со надеж дека ВРЕДИ нема да се обедини

To top