Македонија

Утре почнуваат интервјуата за нов претседател на антикорупциска – 10 кандидати во игра

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре и задутре (18 и 19 ноември) ќе спроведе интервјуа со 10-те кандидати што ги исполнуваат условите за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК).

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре и задутре (18 и 19 ноември) ќе спроведе интервјуа со 10-те кандидати што ги исполнуваат условите за нов претседател на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Постапката за избор на прв човек на антикорупциската комисија продолжува по локалните избори и по оставката на претходната претседателка Татјана Димитровска, која е осомничена во случајот „Адитив“.

Кандидатите што влегуваат во финалниот круг се: Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и Феузи Џафери.

Интервјуата ќе ги спроведе посебна селекциска комисија формирана на 13 август, составена од седум членови: Илбер Руфати (заменик Народен правобранител), Дарко Аврамовски и Бардил Јашари (претставници на граѓанскиот сектор), како и пратениците Бојан Стојаноски (ВМРО-ДПМНЕ), Саранда Имери Стафаи (Вреди), Митко Трајчулески (СДСМ) и Арбана Пашоли (Европски фронт).

Во рок од три дена по интервјуата, селекциската комисија ќе состави ранг-листа и ќе ја достави до собраниската комисија, која во рок од два дена ќе предложи единствена листа со најдобро рангираните кандидати до пленумот на Собранието.

За претседател на ДКСК може да биде избран македонски државјанин со постојано живеалиште во земјата, со високо образование (правни науки – минимум 300 ЕКТС или VII/1, односно 240 ЕКТС од политички/економски/комуниколошки науки), со најмалку 10 години работно искуство (од кои 8 во борба против корупција, владеење на правото или добро управување), кој во последните 10 години не бил пратеник, министер, партиски функционер ниту донатор на политичка партија.

Најнови вести од: Македонија

Ќе се удри по џеб секој што ноќе фрла ѓубре – инспекторите постојано на терен

Од сега е веќе во сила забраната за фрлање ѓубре во Скопје во периодот од 22 часот до 6 часот наутро. Инспекторите излегуваат на терен. Физичките лица кои нема да ја почитуваат одлуката ќе се казнат со 50 евра, за правните – глобата и до 1.800 евра.

Ахмети му честита на Рама, оти Албанија ги отвори ЕУ-поглавјата и порача дека „за Албанците сонцето изгрева на запад“

Европската иднина е единствениот пат за Албанците и за сите други од Западниот Балкан“ – напиша лидерот на ДУИ Али Ахмети на фејсбук, откако Албанија ги отвори сите поглавја за пристапување кон ЕУ.

To top