Македонија

Судиите молчат за криминалците во своите редови но им пречи однесувањето на премиерот Мицкоски

Во судските кругови нема кој не ја знае судијката од трговскиот одел на граѓански суд која одржува блиски контакти со тајкуни од нафтениот и фармацевтскиот бизнис кои имаат огромни предмети во судот

Двата важни фактори во правосудството кое има близу до ,,0″ доверба Здружението на судии и Судскиот совет, тргнаа во фронтален напад на премиерот додека ги кријат и игнорираат криминалците во своите редови.

Користејќи го принципот нападот е најдобра одбрана ,,злосторничкото” судиско здружување ја крие корупцијата во сопствените редови со атак на премиерот за чии политички оценки не дадоа корисни контрааргументи.

Според Сускиот совет и Здружението премиер, неговите коментари за судиите и судството ја преминале границата на доброто однесување а во исто време нема реакција за однесувањето за судиите за кои сите знаат дека одамна ги минале сите црвени линии.

Секој што се занимава со правосудатвото од било кој аспект веднаш знае за што се работи во кога се зборува за криминалците во судските лавиринти.

Сите чесни судии, за жал тие се во помал број, ќе ви кажат за јавната тајна според која сите ги знаат имињата на судиите кои професијата ја претвориле во високо профитабилен бизнис.

Овие криминалци без тапија се познати и за членовите на Судскиот совет и на Здружението на судии кои за нив не реагираат но затоа им пречат забелешките на премиерот.

Да имаа советот и здружението преходно пријави и санкции за криминалците во своите редови тогаш ќе имаа морално право да реагираат и за премиерот.

Вака со напад врз Мицкоски двете здруженија индиректно ги заштитија судиите за кои сите знаат дека се корумпирани  а сега ќе можат да тврдат дека се под притисок од власта.

Нема судија и обвинител, ниту новинар и судски набљудувач кој не го знае апелациониот судија кому токму колегите покрај името му додале прекар Евро.

Во судските кругови нема кој не ја знае судијката од трговскиот одел на граѓански суд која одржува блиски контакти со тајкуни од нафтениот и фармацевтскиот бизнис кои имаат огромни предмети во судот.

Сомнежот дека таа однапред договара пресуди или прима инструкции од адвокат од поранешна правна комисија на СДСМ веќе не е ни сомнеж, но Судскиот совет и Здружението на судиите молчат за оваа судска трагикомедија.

Тие не можат да ја проверуваат нејзината потреба од големи пари заради син зависник, но можат да го проверат  нејзиниот колега од трговски одел кој во Старата чаршија на ќебапи ги договара износите, а ги знаат и останатите од подолгиот список.

Неверојатно е што членовите на  двата судски фактори не се запрашуваат како тоа токму кај овие судии ,,Аакмисот” ги мести најкрупните предмети со вредност од повеке стотици илјади евра неретко и повеке милиони евра.

Судскиот совет наместо да напаѓа може да ги извади статистички крупните предмети и ќе види кај кого се ,,паднале”.

Овие предмети лесно ќе ги препознае и лаик за судови, ако по ништо друго тогаш по врската со интересниот европски прекар.

 

Фото: Здружение на судии

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Гаши: Само обединети и со почитување на разликите можеме да изградиме држава во која секој граѓанин се чувствува еднаков и безбеден

Овој значаен датум нè потсетува на издржливоста, храброста и напорите на генерациите пред нас во нивната потрага по слобода, достоинство и независна државност

Ѓорѓе Иванов: Како следбеници на нашите предци, треба да создадеме иднина за нашите потомци

Македонска револуционерна борба донесе многу жртви, непоколебливост и хероизам кој, ни е оставен во завет, нам, на сегашните македонски граѓани, како и на идните генерации

To top