Македонија

Муцунски: Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја

Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“

Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскиот јазик, идентитет и историја, порача денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, во одговор на прашање од пратеникот Реџеп Исмаил за заклучоците од работата на Мешовитата комисија за образовни историски прашања со Бугарија.

Муцунски во одговорот рече дека можеби е случајност „координираниот напад кон него од бугарскиот копретседавач со Комисијата Ангел Димитров и пратеникот“.

– Сосема изненадувачки за мене е што во рок од неколку дена прашањето за работата на мешовитата комисија и политички напад врз мене насочи копретседавачот од бугарска страна, Ангел Димитров, и вие. Можеби е случајност, коордиоиниран напад кон МНР од Ангел Димитров и Реџеп Исмаил. Некои велат во политиката не треба да верувате во случајност но јас ќе одберам добра верба дека ова е случајно координиран напад, рече Муцунски.

Шефот на дипломатијата повтори оти верува дека Комисијата треба да биде водена од поединци кои импутот кој ќе го внесат е базиран на нивни научни познавања, знаења и факти и оти секој политички одговор што тој би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата.

 И од таа гледна точка верувам дека Комисијата во овој состав ќе продолжи да работи независно базирано на факти. Кога цените како се поставила нашата надворешна политика ќе видите дека секогаш велиме дека не сме за отстапки по секоја цена и дека клучно прашање кога го земаме во предвид одлучувањето во однос на сите политочки прашања поврзани со Бугарија се зашитата на македонскиот идентитет, културна посебност и историја. Точно е дека од другата страна на границата постојат поединци кои сакаат да ја негираат нашата историја, идентитет и јазик,  но затоа гледате дека ние повеќе од година и половина сме цврсто поставени по однос на овие позиции.  А по однос на работата на Комисијата таа треба да работи исклучиво врз основа на  факти и аргументи и целосно независна и оттргната од влијанието на политиката. Во таа смисла секој политички одговор што јас би го дал би се сметало како влијание врз Комисијата, рече Муцунски.

Смета, како што дополни, „дека Димитров често го прозива сакајќи да го провоцира, да даде некоја политичка констатација за потоа да рече  – еве ја македонската Влада директно се меша во академската слобода и независност“.

– Верувам дека тоа не било вашата намера, дека сте биле доборнамерен и ве интересира какви се позициите на Владата. Еве ви велам Владата секогаш ќе стои во заштита на македонскот идентитет, јазик и историја, истакна Муцунски.

Пратеникот Исмаил, искоментира дека министерот „се обидува да ја избегне политичката одговорност со тоа што Комисијата ја гледа како некоја научна и академска работа“.

– Верувајте, во нејзината поставеност во сите документи, и последниот протокол и францускиот предлог и Договорот за добрососедство нејзините заклучоци имаат иманентни политички последиици. Се работи за суверенитетот кој е политичко прашање. Вие не можете да кажете дека не се мешате во комисијата, рече Исмаил.

Тој му постави  прашање  на министерот и „По кој основ ги пратил на цензура учебниците за петто и шесто одделение во Бугарија?“, што Муцунски го оквалификувано како „дезинформација и лажна вест“.

– Ништо не е пуштено во Софија на амин. Тоа е дезинформација, лажна вест. Нашите државни институции не пуштиле ништо, ниту учебник, ниту докумет во Софија на т.н амин. Не се случило такво нешто, наведе шефот на дипломатијата.

Точно е, посочи, дека треба да имаме дијалог со сите наши соседи и оти треба да работиме на затворање на сите отворени прашања, но точно е и дека не смееме и немаме право да го правиме тоа по секоја цена и на штета на нашите национални интереси.

-Целосно верувам дека професорот Ѓеоргиев заедно со неговиот тим знаат како треба да функционират, а тоа е – слободно, независно и врз основа на знаењета и фактите кои тие ги имаат на располагање. Тоа може да биде комисија која ќе работи долги годни и нема да постигне заклучок, ќе дискутира, ќе дебатира по однос на одредени прашања и природно ќе има развој на настаните кој може нема да биде секогаш на задоволство на другата страна. Но. тие дискутиарат врз основа на историски факти и нивните научн и поснзвања.  Знам дека би биле најсреќни да се докаже дека вашата теза е точна, дека ВМРО-ДПМНЕ направило отстапка, но набројте една отстапка од таква природа што е направена во последната година, рече Муцунски, дополнувајќи дека верува оти пратениот не е кординиран со историчарите во Софија.

Исмаил, во коментар на одговорот од министерот рече дека нема никава координација и оти има поддршка од него а ќе ја обебзеди и од Левица „против ваквите агресивни напади на македонскот јазик и идентитет“ поради што и му предложи државава да се повлече од Комисијата.

Најнови вести од: Македонија

Едно избирачко место воопшто не е отворено, во останатите гласањето се одвива непречено

До 9:00 часот утрово излезеноста за повторните локални избори во општина Врапчиште е еден процен или гласале 272 лица, во општина Гостивар 0,93 проценти или 651 гласач, во Маврово – Ростуше 2,89 отсто или 306 лица, додека во општина Центар Жупа 0,75 проценти или гласале 57 избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

Утринава на Попова Шапка најстудено, минус 8 степени, но и најмногу снег, 31 сантиметар

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, претпладне со повремени локални врнежи од снег, попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно и студено. Претпладне со повремен слаб снег. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Нобеловиот институт ja отфрли замислата на Мачадо да му ја „отстапи“ на Трамп наградата за мир

Нобеловиот институт објави во саботата дека Нобеловата награда за мир не може да се пренесе на друга личност, да се подели или да се одземе, откако лидерката на венецуелската опозиција Марија Корина Мачадо, изјави дека може да му ја отстапи наградата за 2025 година на американскиот претседател Доналд Трамп.

За Беџети, „кандидат за нобеловец за економија“, „легитимно е РСМ да се федерализира, а да се смени антиалбанскиот устав“!

„Барањето за федерализација на Македонија е легитимно, но тоа беше поништено уште во 2001 година. Албанската политика сега нема моќ ниту да го отстрани терминот ‘20 проценти’ во антиалбанскиот устав.“ – наведува д-р Неџат Беџети, професор по економија во државниот Универзитет во Тетово, кој инаку беше предложен од група од негови колеги-економисти во декември 2023 година како „кандидат за добивање Нобелова награда за економија“, со образложение дека „развил ‘Теорија на економскиот развој заснована врз демографското концентрирање“. Кандидатурата на Беџети била пријавена во Комитетот за Нобеловата награда, но друг ја имаше добиено.

Денес повторни избори за градоначалник во четири општини

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа денеска се одржуваат повторени избори за градоначалник, откако на првиот круг на локалните избори на 19 октомври минатата година не беше постигната законската излезност од најмалку една третина (33,33 проценти) од запишаните гласачи, што е услов изборите да се сметаат за успешни.

Македонија воведува најстроги забрани против пушење, казни за граѓаните и до 300 евра

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба, продажба, рекламирање и промоција на тутунските и никотинските производи.

Најнови вести

To top