Македонија

Европската Унија крои царини и за пратки под 150 евра – Од кога ќе важи новата одлука?!

Иако Македонија не е членка на ЕУ, промени во правилата на Унијата често го рефлектираат и регионалниот пазар, односно влијаат на цените, логистиката и конкурентноста на производите. За македонските потрошувачи кои често користат онлајн-платформи за увоз од трети земји, новите мерки значат потенцијално зголемување на трошоците.

Европската Унија се подготвува да воведе царински надоместоци и за пратки чија вредност досега не го достигнуваше прагот од 150 евра. Министрите за финансии на државите членки го договориле воведувањето на овие мерки за 2026 година. Првичниот план беше укинување на изземањето од царина за мали пратки да се отвори дури во 2028 година, но изразито висок увоз и притисокот од домашните производители придонеле рокот да се помести побрзо, пренесе Србија данас.

Импликaции за Македонија:

Иако Македонија не е членка на ЕУ, промени во правилата на Унијата често го рефлектираат и регионалниот пазар, односно влијаат на цените, логистиката и конкурентноста на производите. За македонските потрошувачи кои често користат онлајн-платформи за увоз од трети земји, новите мерки значат потенцијално зголемување на трошоците.

Домашните компании за е-трговија и увоз, како и доставните служби, ќе треба да ги следат промените, за да го пресметаат дополнителниот трошок и да реагираат навреме.

Со оваа мерка, ЕУ го зајакнува својот механизам за заштита на домашните производители и заедничкиот пазар од евтин увоз, но истовремено ја менува и рамката на онлајн-трговијата која бележи значаен раст. За Македонија, иако не директно опфатена, ефектите ќе се чувствуваат преку глобалните синџири на снабдување и преку цените на производите кои пристигнуваат од надвор.

Најнови вести од: Македонија

Кос: Македонија спроведе 56 отсто од предвидените реформи и ќе добие 71 милион евра

На самитот за Планот за раст, што се одржува во главниот град на Албанија, Тирана, еврокомесарката за проширување, Марта Кос направи преглед на достигнувањата на земјите од Западен Балкан со генерална оценка дека три земји постигнаа добар напредок во реформите, додека три други не ги искористија целосно понудените можности. Планот за раст, кој е во свoјата четврта година од реализација, предвидува исплата на средства според спроведените реформи и постигнатите резултати. Македонија ќе добие  нешто повеќе од половина од предвидените средства од ЕУ – 54 отсто, додека најдобра во искористувањето на европските пари е Црна Гора со 94 отсто.

Првата докторска дисертација за македонскиот јазик на Мазинг од 27.11.1890 „пепел“ ги прави фалсификатите на Бугарската академија на науки и шовинизмот на Софија!

На денешен ден, на 27 ноември 1890 година во царска Русија, на престижниот Дерптски универзитет (денешен Универзитет во Тарту, Естонија), балто-германскиот лингвист и полиглот Леонард Готхилф Мазинг ја одбранил својата докторска дисертација за македонскиот јазик со изворен наслов „За јазичната повелба на Македонските Словени. I. Застапеноста на tj и dj“ („Zur sprachlichen Beurteilung der macedonischen Slaven. I. Vertretung von tj und dj). Таа претставува прв врвен научен документ од ваков ранг во светската славистика, кој го третира македонскиот јазик како посебен лингвистички систем. Дисертацијата на Мазинг е неоспорлив европски научен доказ, кој целосно ги разобличува современите политички и академски тези за наводната „вештачка“ природа на македонскиот јазик и народ, кои доаѓаат од шовинистичките противмакедонски „кујни“ на официјална Софија и Бугарската академија на науки. Македонски Словени, македонски дијалекти – овие клучни поими во првата воопшто докторска дисертација за македонскиот јазик се европски научни сведоштва за македонската национална, идентитетска и јазична самобитност и засебност од другите балкански и европски народи, идентитети и јазици.

Разузнавачот Јовановски: Со уцени, закани, бугарската разузнавачка служба ни инсталираше врвни луѓе во политичкиот живот, од премиери до…

„Најголемиот успех на бугарската разузнавачка служба, а наш срам и неуспех , е тоа што таа нам ни изгради врвни луѓе и ни ги инсталира во врвниот општествен и политички живот. Од премиери, до ете, да не зборувам понатаму, тоа им е најголемиот успех. Еден ден ако бидам во можност, јас тоа ќе го ставам да се изучува во школите за разузнавање како пример – како една служба постапува во друга служба и држава. Спомнав и претходно, дали е со уцени со закани, со компромитирање или со друго мотивирање, останува прашање и не е битно, битно успехот е постигнат.“ – изјави поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски во интернет-емисијата „Наткаст“ на порталот „Курир“.

To top