Свет

Белата куќа и Кремљ тајно работат на план за прекин на војната во Украина

Слично на планот за Газа, предлогот би се состоел од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идни односи на САД со Русија и Украина

Администрацијата на Трамп тајно формулира нов план за прекин на војната во Украина во консултација со Русија, објави во вторникот „Аксиос“, повикувајќи се на американски и руски претставници, пренесе Ројтерс

Станува збор за план од 28 точки инспириран од планот на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на огнот во Газа, објави новинската агенција. Слично на планот за Газа, предлогот би се состоел од „мир во Украина, безбедносни гаранции, безбедност во Европа и идни односи на САД со Русија и Украина“, објави „Аксиос“, повикувајќи се на извори.

Специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, го предводи формирањето на планот и „опширно го дискутирал со рускиот претставник Кирил Дмитриев“, објави „Аксиос“, повикувајќи се на американски претставник.

Цитирајќи украински претставник, „Аксиос“ рече дека Виткоф разговарал за планот со Рустем Умеров, советник за безбедност на украинскиот претседател Володимир Зеленски, претходно оваа недела во Мајами.

Американски претставник, исто така, изјави за „Аксиос“ дека Белата куќа почнала да ги информира европските претставници за предлогот.

Најнови вести од: Свет

Кој ќе биде „газда“ на Гренланд?

Се очекува, Трамп да потпише договор чија цел е зголемување на военото присуство на САД на Гренланд и ограничување на присуството на геополитичките противници. Претставнициуте на Данска и на Гренланд се надеваат дека договорот ќе стави крај на претходните изјави на Трамп во кои тој сугерираше дека би можел да го преземе Гренланд со сила

(Видео): Отишол на училиште со ловџиска пушка и пукал – во Турција има ранети, напаѓачот е приведен

На социјалните мрежи се појавија првите видео снимки од напаѓачот кој со ловџиска пушка отвори оган во училиштето „Инчи Узмез“ во Маниса, на западот од Турција. Во инцидентот, според непотврдени информации, се повредени најмалку осум ученици, од кои еден е во критична состојба.

To top