Македонија

Аплаузи од полната сала за „Лимениот барабан“ на отворањето на 50. МОТ

Јубилејниот „Млад отворен театар“ почна со делото на Гинтер Грас, во изведба на Југословенско дрмаско позориште

Полната сала на Македонскиот народен театар и аплаузите од публиката вчеравечер го обележаа отворањето на јубилејниот 50. Млад отворен театар со претставата „Лимениот барабан“, според антологиското дело на германскиот нобеловец Гинтер Грас, во режија на Васил Христов и во изведба на Југословенско драмско позориште од Белград.

Македонската публиката вечерва има можност да ја види претставата „Куќата на границата“ на Регионалниот театар од Нови Пазар, дело на Славомир Мрожек, во режија на Андреј Цветановски.

Од вечерва во холот на Младинскиот културен центар (МКЦ) јавноста ќе може да ја погледне уметничката инсталација „Сценариум и имагинариум“ на македонскиот архитект и сценограф Костантин Трпеноски, кој живее и работи во Виена, а кој соработуваше на претставата „Лимениот барабан“ со Христов.

Утревечер ќе биде прикажана претставата на Ѓорѓи Ризески, „Поручникот од Инишмор“, во изведба на Адриана театар од Урошевац, Косово.

Следуваат претставите на Јана Маричиќ – „Коштана“, поставена во Народно позориште во Ниш, Србија, на Ана Батева – „Кучето се засмеа“, која игра во Спам театар во Софија, Бугарија, на Совран Нрецај – „Граница“, ОДА Театар Приштина, Косово, на Искра Шукарова – „Врба“ и на Агнес Нокшиќи – „Слугинки“. Во придружната програма, публиката ќе може да ужива во имерзивниот ВР- перформанс на Нина Николиќ и на Борјан Стојков, со наслов „Ехо од длабочината“, како и во концертите на музичките состави „Звада“ и „Дис ис нот“ од Косово, во рамките на музичката блок-програма на МОТ (21 ноември, 22 ч.).

Фестивалот ќе биде затворен со „Мајката храброст и нејзините деца“ во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Новосадско позориште на 25 ноември.

Најнови вести од: Македонија

Неофицијално: Ова се млекарите кај кои се откриени големи отстапувања од декларациите

Голем дел од млечните производи кои се продаваат на домашниот пазар покажуваат значителни отстапувања во составот во споредба со она што е декларирано на пакувањата, покажуваат неофицијални резултати од лабораториски анализи.

Нa меѓународниот ден на детото, ученици пред собранието со настап против насилство во училиштата

На Меѓународниот ден на детето, 1 Јуни, пред Собранието на Македонија се одржа изведба на социјален танц театар на тема насилството во училиштата, подготвен и изведен од ученици од СУГС „Јосип Броз Тито“ од Скопје и СОУ „Гостивар“ од Гостивар, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ – Програма за мировно образование.

To top