Свет

Калас: ЕУ има план да ја ослабне Русија и да ја поддржи Украина

„Притисокот мора да биде врз агресорот, а не врз жртвата. Наградувањето на агресијата само ќе поттикне уште поголема агресија“, вели шефицата надворешна и безбедносна политика на ЕУ

 

 

ЕУ има многу јасен план од две точки, првиот е да ја ослабне Русија, а вториот е да ја поддржи Украина“, изјави изјави вчера високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Каја Калас по завршувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Министерскиот состанок се одржа по протечените информации дека САД преговараат за план со Русија што ќе бара од Украина да се откаже од дел од својата територија и да ги намали своите вооружени сили.

Објавен е мировниот план на Трамп за Украина кој содржи 28 точки

„Министрите беа доста смирени во врска со тоа бидејќи претходно видовме различни мировни планови кои не можат да функционираат освен ако Европејците и Украинците не се согласат со нив“, рече Калас.
„Санкциите силно ја погодија Русија, а ќе дојдат нови“

Калас рече дека на министрите им биле презентирани информации што јасно го покажуваат ефектот на санкциите врз Русија.

„Извозот на руска сурова нафта падна на најниско ниво во последните месеци, даночните приходи од нафта се најниски од почетокот на војната. Санкциите силно ја погодуваат Русија, а нови ќе дојдат“, истакна Калас, додавајќи дека сега приоритет е да се казнат руските таканаречени флоти во сенка, неосигурени бродови што пловат со странски знамиња и се користат за заобиколување на санкциите за извоз на нафта.

Неколку министри за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ се спротивставија на планот, според кој Украина ќе мора делумно да се разоружа и да предаде уште поголем дел од својата територија.

„Мирот не може да биде капитулација. Украинците сакаат праведен мир што го почитува суверенитетот на сите, траен мир што не може да биде доведен во прашање од идна агресија“, рече францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро.

Полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски изјави дека Украина, „жртва на агресија, не може да биде предмет на ограничувања во нејзината способност да се одбрани“.
Заем за репарација како помош за Украина

Што се однесува до поддршката за Украина, многу министри изјавија дека заем за репарација врз основа на замрзнати руски средства е најдобриот начин да се помогне на Украина, рече Калас.

Сè уште нема договор за тоа како да се користат замрзнатите средства на Русија. Најголемата пречка е Белгија, која го држи најголемиот дел од замрзнатите средства на Русија, која бара цврсти гаранции дека нема да го носи товарот ако се донесе арбитражна одлука дека средствата мора да се вратат во Русија.

Шведската министерка за надворешни работи Марија Стенергард го нарече „срамно“ што ЕУ продолжува да увезува од Русија.

„Нашиот увоз од Русија ја надминува нашата помош за Украина за огромни 124 милијарди евра. Срамно е“, рече таа.

Најнови вести од: Свет

To top