Свет

Борис Џонсон: Со планот на САД, Украина ќе стане „марионета“ на Путин

Тој го нарече планот „целосна капитулација на таканаречените пријатели на Украина“

The Prime Minister Boris Johnson Portrait

Мировниот план за Украина, предложен од САД, е „целосно предавство“ на Киев, напиша поранешниот британски премиер Борис Џонсон во својата колумна за „Дејли меил“, пренесува „Украинска правда“

Според него, планот предвидува „воена кастрација“ на Украина, поточно, одредба за нејзината неможност за членство во НАТО. Џонсон тврди дека ако Киев ги прифати сите 28 точки од мировниот план, Украина ќе стане „марионета на Москва“ со постојан ризик од „трета инвазија“.

Тој го нарече планот „целосна капитулација на таканаречените пријатели на Украина“ и го спореди со „Минхенскиот договор на Хитлер“.

За време на неговиот мандат како премиер, Џонсон го посети Киев многу пати. Украинскиот претседател Володимир Зеленски го нарече пријател на Украина.

Општинскиот совет на градот Хуст во Закарпатскиот регион именуваше улица по Џонсон.

Најнови вести од: Свет

Ескалира ситуацијата во Иран: убиени најмалку 50 демонстранти и 15 припадници на безбедносните сили, а 2.300 се уапсени

Во саботата американскиот претседател Доналд Трамп, кој последните денови постојано се закануваше со воен напад врз Иран, објави на социјалните мрежи: „Иран сака слобода, можеби како никогаш досега. САД се подготвени да помогнат!“

To top