Македонија

Манасиевски: Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите(ВИДЕО)

Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

Судијката Кацарска која досуди 200 години за 27 април и како за награда од СДС, преку ноќ стана уставен судија, го загуби својот кредибилитет пред народот. Наместо да ја врати довербата и да покаже независност, таа продолжи и натаму да одработува за СДС и по нивна насока поднесе предмет до Уставниот суд за укинување на 7000 денари за пензионерите – истакна Манасиевски..

Манасиевски посочи дека граѓаните веќе јасно можат да ја увидат дволичноста на контаминираното судство на СДС, со примери како Добрила Кацарска, луѓе кои без срам наместо да работат во интерес на граѓаните, тие да можат ќе им ги ускратат нивните законски права.

-Судството кое сеуште е под диктат на СДС, од една страна бара зголемување на нивните плати со 2% доверба, а од друга страна сака да им одземе на пензионерите добар дел од нивните пензии. Чест на исклучоци, секако, овие судии и обвинители како Добрила Кацарска, се само мал дел од овој корумпиран судски систем.

Затоа, како ВМРО-ДПМНЕ бараме реформи во судството и во обвинителството, за овие чесни исклучоци и луѓе кои си ја вршат работата законски и чесно, да дојдат до израз, а не луѓе како Добрила Кацарска да владеат со нашето правосудството – истакна Манасиевски.

 

Најнови вести од: Македонија

Зеколи: На 26 август камен-темелник на втората фаза од автопатот Скопјe-Блаце

Заменик-министерката за транспорт, оствари средба со министерот за инфраструктура и транспорт на Република Косово, Димал Баша, на која фокусот беше ставен на стратешките инфраструктурни проекти што ги поврзуваат двете соседни земји

Од септември бесплатни учебници за сите ученици од прво до четврто одделение

На 1 септември за секое дете од прво до четврто одделение ќе има учебници. Новата учебна година ќе стартува без проблеми со дистрибуцијата на бесплатните учебници, кои, според министерката за образование и наука Весна Јаневска, веќе се доставени до училиштата. Но оние училишта што навреме не пријавиле потребно количество ќе треба самите да обезбедат учебници бидејќи МОН испорачува според нарачаното.

To top