Македонија

Го нападнала сопругот со секира во 4 наутро

Следува соодветна пријава

 

На 23.11.2025 година во 04:30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Џ.Р.(34) физички, а потоа и со секира, го нападнала нејзиниот 40- годишен невенчан сопруг.

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

Во соопштението испратено од портпаролот Стефан Димоски за настаните што се случиле на територијата што ја покрива СВР Охрид која ги покрива и Дебар и Кичево има уште три случки:

 

На 22.11.2025 година во 14:40 часот, на улицата „Маршал Тито“ во Струга, лишен од слобода е Г.М.(45) од Струга, кој претходно, во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

На 22.11.2025 година во 14:20 часот, полициски службеници од ОВР Дебар, по пријавена кражба и при извршен увид во викенд куќа лоцирана во дебарското село Бањишта, сопственост на А.С.(32) од Скопје, пронајдоа и одзедоа пушка и 83 куршуми, непознат калибар. ОВР Дебар презема мерки за расветлување на настанот.

 

На 23.11.2025 година во 01:30 часот, во ОВР Кичево е пријавено дека, во угостителски објект лоциран на булеварот „Ослободување“ во Кичево, едно лице нападнало малолетник, а потоа и неговиот татко кој дошол во објектот. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што, против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Македонија

Манасиевски: Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите(ВИДЕО)

Добрила Кацарска која е позната по своите одлуки во корист на неправдата, по насока на СДС бара укинување на 7000 денари на пензионерите, изјави на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

To top