Македонија

Дурловски за случајот „Лукас“: Или ќе артикулираме регулаторна рамка, или можеме да се самораспуштиме

Оперскиот пејач предлага формирање стручно тело што ќе го уреди гостувањето на музичари од странство

Оперскиот пејач Игор Дурловски со сопствено видување за прекинатиот концерт од полицијата на српскиот турбофолкер Аца Лукас во Кавадарци поради законски нерегуларности.

„Во држава која и понатаму се обидува да зачува барем минимална културна сувереност, нашата јавна сфера сè почесто се сведува на навивачки трибини за „културни“ конфликти што не се ниту наши, ниту за нас релевантни.

По последните случувања во Кавадарци станува јасно дека одредени фигури и портали од балканската естрадна периферија не се задоволуваат само со диктирање на јавниот вкус, туку отворено се обидуваат да влијаат и врз домашните политички процеси.
Ако државава навистина верува дека може да функционира со минимален степен на самопочит, тогаш е крајно време да воспоставиме јасни, строги и транспарентни правила за организацијата, работата и јавните настапи на странските изведувачи. Тоа не е рестрикција, туку елементарен механизам за културна самозаштита.
Или ќе ја артикулираме сопствената регулаторна рамка, или, да бидеме чесни, можеме мирно да се самораспуштиме и да признаеме дека нашата културна и медиумска архитектура е оставена на милост и немилост на лукративни проекти со центри надвор од Македонија.
Предлагам задолжително формирање на едно стручно и компетентно тело кое ќе ја уреди оваа област. Тело што ќе воспостави јасни критериуми, процедури и стандарди, но и ќе ја заштити нашата културна сфера од деградација во сензационалистичка придружна програма на туѓи интереси.
Ако сакаме да постоиме како држава, мора да престанеме да се однесуваме како публика на настан чиј режисер никогаш не сме го избрале“, коментира Дурловски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

ОЈО Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Жан Митрев за притисок од Заев и Филипче да им ја продаде клиниката

Основното јавно обвинителство од Скопје отвори предмет по допрен глас за тврдењата на Жан Митрев за притисок од поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство и сегашен лидер на СДСМ Венко Филипче. Филипче ги отфрли обвинувањата и најави дека ќе поднесе тужба против Митрев поради, како што наведе, „невистинити и штетни тврдења“.

Протест на ССМ со барања за минимална плата од 600 евра и зголемување на сите плати за 6.000 денари

Сојузот на синдикати на Македонија одржа протест пред Работничкиот дом, Собранието, Сојузот на стопанските комори и Владата, барајќи итно зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите плати за најмалку 6.000 денари

To top