Македонија

Тинејџер обљубил 12 годишно девојче, другиот снимал

До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе ја објави снимката

Полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот.

До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото.

СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник.

Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, извршија службен разговор.

По целосно документирање на настанот, во консултација со јавен обвинител, против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top