Македонија

(Фото): Се чисти и обновува Скопје, градоначалникот Ѓорѓиевски вели дека се работи низ цел град

Се работи паралелно на повеќе локации низ целата територија на Скопје. Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците, брзи зафати кои се неопходни поради зимските услови.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска на Фејсбук се пофали дека градските екипи работат низ целото Скопје, изведувајќи тековни интервенции и мали поправки на уличната инфраструктура.

  • „Во овој момент се работи на повеќе места низ целата територија на Скопје. Екипите на градот интервенираат со ладен асфалт за затворање на ударните дупки на булеварите и улиците – тоа се брзи и неопходни зафати поради зимските услови“, објави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски најави дека напролет, кога временските услови ќе дозволат, Градот ќе се насочи кон темелна и целосна реконструкција на коловозите, со фокус на долготрајни решенија и подобрување на патната инфраструктура.

Паралелно со тоа, во тек е поставување на заштитни столбчиња на тротоарите со цел тие да бидат повторно достапни за пешаците. Ѓорѓиевски потенцира дека тротоарите не смеат да се користат како паркинг-простор и најави дека градските власти нема да толерираат такви случаи.

Дополнително, во централното градско подрачје и на сите места каде што е потребно се поставува нова урбана опрема – клупи, канти и други елементи – за да се внесе повеќе ред, функционалност и достоинствен изглед на јавниот простор.

  • „Овие тековни зафати се само увертира во големите проекти што следуваат. Градиме чекор по чекор, со јасна визија и решеност да го вратиме Скопје на местото кое заслужува“, порачува градоначалникот Ѓорѓиевски.

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

Андоновска: Во ИЈЗ се почитува Законот за јазици! – ДУИ не може да прифати дека нема повеќе „како до сега”!

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, реагира на обвинувањата од ДУИ дека во институцијата не се почитува Законот за употреба на јазиците.

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

To top