Македонија

(Фото): Промовиран Ресурсниот центар за развој на општините – ново поглавје во поддршката на нивно развивање

Убава вест за сите општини ширум Македонија. Со воспоставувањето на Ресурсниот центар започнува ново поглавје во поддршката на локалниот развој, поглавје кое ја потврдува целосната определба дека вистинскиот напредок започнува локално.

Министерството за локална самоуправа денеска беше домаќин на настанот за промоција на Ресурсниот центар за развој на општините. На настанот свои воведни обраќања имаа министерот Перински, претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, генералниот секретар на Владата Игор Јанушев, Амбасадорот на Швајцарија Н.Е. Кристоф Зомер и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации –УНДП, Армен Григорјан.

  • „Владата има програма, а Министерството за локална самоуправа работи на  реализација на конкретни мерки. Градиме концепт за синергија на сите расположливи ресурси во државата кои ќе бидат ставени во функција на општините. Ресурсниот центар е местото  кое што ги адресира потребите на општините, начините за нивно решавање, местото кое што ќе понуди експертиза за секој нов предизвик“, нагласи Перински.

На настанот, покрај градоначалниците, присуствуваа и ректорката на УКИМ, проф. д-р Ангелова, главниот државен ревизор Ацевски, експерти од различни области, претставници на донаторски организации и други државни институции.

  • „Овој центар не е само нова институционална структура. Тој е јасен доказ дека Македонија ја гради својата иднина врз темели на современо управување, транспарентност и ефикасност. Проектот има за цел да ги адресира длабоките системски предизвици – преку подобрено управување, унапредени институционални капацитети и развој на одржлива инфраструктура. Тоа не се технички реформи, тоа е визијата на држава што сака да биде модерна, функционална и ориентирана кон резултати.“ , истакна Мицкоски.

Оваа иницијатива произлегува од Националната развојна стратегија, највисокиот долгорочен стратешки документ на нашата држава, чија визија веќе се претвора во конкретни политики, реални проекти и мерливи резултати.

  • „Создавањето на овој Центар не е само институционален чекор , тоа е силна порака дека веруваме во капацитетите на локалните заедници, дека ја цениме нивната автономија и дека ја градиме иднината врз основите на меѓусебна поддршка и доверба.“, во своето обраќање рече Јанушев.

Тој додаде „Верувам дека Ресурсниот центар ќе прерасне во стабилен, професионален и долгорочен развоен партнер, кој ќе придонесе за порамномерeн регионален развој, подобри јавни услуги и посилна локална демократија.“

Швајцарија е партнер во поддршката на процесите на децентрализацијата и регионалниот развој во  Македонија, со цел секој граѓанин каде и да живее и без разлика на неговите околности да има пристап до можности, услуги и подобар квалитет на живот.

  • „Додадената вредност од нашата соработка не произлегува само од финансиската поддршка, туку и од принципите и нормите врз кои се темелиме: инклузивност, транспарентност, отчетност и одржливост. Заедно настојуваме да обезбедиме реформите да не бидат привремени решенија, туку трајни трансформации кои ги зајакнуваат институциите и луѓето. Овој Ресурсен центар е јасен пример за тие вредности.“, истакна Амбасадорот Зомер

УНДП е поддржувач на имплементацијата на оваа иницијатива.

  • „Со години УНДП соработува со Министерството за локална самоуправа, поддржувајќи ја децентрализацијата во земјата. Денес, задоволни сме што сме сведоци на посветеностa на Владата за унапредување на работата на општините и зајакнување на темелите на локалната самоуправа. Таквата децентрализација дава видливи резултати: јакнење на општините, подобрување на јавните услуги и поттикнување на инклузивен економски раст. Исто така, го зајакнува локалното управување како клучен двигател за постигнување на Целите за одржлив развој.“ изјави  Григорјан.

Со воспоставувањето на Ресурсниот центар започнува ново поглавје во поддршката на локалниот развој, поглавје кое ја потврдува целосната определба дека вистинскиот напредок започнува локално.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top