Македонија Регион

Дури 216.000 Македонци имаат бугарски пасоши

Расте бројот на македонски граѓани со бугарски државјанства. Од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, на вкупно 216.594 лица со државјанство на Македонија им е издаден бугарски пасош, ја пренесува бугарската агенција БГНЕС изјавата на Даниел Митов, министерот за внатрешни работи на Бугарија. „Во наведениот период се издадени 216.594 пасоши на бугарски државјани […]

Расте бројот на македонски граѓани со бугарски државјанства. Од 1 јануари 2007 година до 17 јуни 2025 година, на вкупно 216.594 лица со државјанство на Македонија им е издаден бугарски пасош, ја пренесува бугарската агенција БГНЕС изјавата на Даниел Митов, министерот за внатрешни работи на Бугарија.

  • „Во наведениот период се издадени 216.594 пасоши на бугарски државјани за кои постои информација дека имаат и државјанство на Македонија. Добивањето бугарски пасош е основно право на секој бугарски државјанин, загарантирано со закон, и тоа може да биде ограничено само во случаи предвидени со законот“, изјави Митов.

Правната рамка која го регулира издавањето пасоши на бугарски државјани е содржана во неколку членови од Законот за бугарски лични документи (ЗБЛД), конкретно: точка 4, став 1; член 13, став 1, точка 2; член 33, став 1 и член 35, став 1.

Издавањето бугарски пасоши на македонски државјани со бугарско државјанство е пракса која со години предизвикува интерес и контроверзии во јавноста, особено поради политичките и историските односи меѓу двете земји.

Најнови вести од: Македонија Регион

Четири нови услуги од ФЗОМ достапни на интернет

За физичките лица воведени се електронските услуги: потврда за пријави и одјави во задолжително здравствено осигурување, потврда за осигурено или неосигурено лице и платен придонес, потврда за исплатен надоместок за плата за време на привремена спреченост од работа

Деспотовски со закана до раководството на СДСМ

Јован Деспотовски, долгогодишен член и поранешен функционер на СДСМ (меѓу другото поранешен потпретседател и директор на ТИРЗ), повторно се огласи на социјалните мрежи со остра реакција кон актуелното раководство на партијата.

To top