Македонија

Муртезани: Работиме на враќање на довербата меѓу Скопје и Софија

Vо моментов не може да се говори за процесот на измени да Уставот, вели министерот за европски прашања

На денешната прес-конференција во Скопје со министерката за европски прашања на Шведска Јесика Розенкранц, министерот за европски прашања Орхан Муртезани, рече дека се работи на воспоставување дијалог и враќање на довербата меѓу Скопје и Софија, со цел да се надмине спорот и да се одблокира евроинтегративниот процес на земјава.

Одговарајќи на новинарско прашање дали евентуално се подготвува трет протокол со Бугарија за да се надминат разликите, што неодамна го спомена претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како едно од креативните решенија, Муртезани со одговор:

„Тоа што се работи константно по локалните избори заедно со нашите европски партнери е воспоставување на дијалогот и враќање на довербата, бидејќи без дијалог и доверба не може да стане збор за надминување на проблемот. Во моментов се прават напори за воспоставување дијалог и градење доверба, а потоа ќе стане збор и за можните начини за надминување на проблемот“.

Идејата за нов протокол ја изнесе претседателката Сиљановска Давкова во гостувањето во ТВ 24 алудирајќи дека тоа би било креативно решение.

„ Има протокол, тоа е записник обичен потпишан од двајца министри. Со записник вие менувате меѓународен Договор или му додавате. Отворете го Договорот за пријателство и добрососедство, еден збор нема таму за уставни измени. Тогаш нека бидат креативни, трет протокол нека усогласат во кој ќе кажат дека не може прашањата врзани за историјата, културата и идентитетот да бидат услов – посочи претседателката.

Одговарајќи на новинарско прашање во однос на недоамнешната изјава на американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ 21 дека е убедена оти се работи на прашањето со уставните измени и дали тоа е навистина така, Муртезани рече дека „секако дека на тоа се работи, бидејќи тоа е преземена обврска, но додаде дека во моментов не може да се говори за процесот на измени да Уставот, бидејќи сите наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани“.

„ Секако дека на уставните измени мора да се работи. Тоа е преземена обврска без која нема преговори и нема членство во ЕУ, меѓутоа како што нагласив во моментов не може ние да зборуваме за процесот на уставни измени кога сите тие наши грижи и дилеми не се соодветно адресирани, а за да бидат адресирани треба да се воспостави редовен дијалог, да се врати довербата меѓу двете соседни земји за да можеме на европски начин да градиме задничка европска иднина“,  рече министерот за европски прашања.

Најнови вести од: Македонија

Бугарите „јуришаат“ на „Самуил, владетелот на бугарската држава“, но за врвни светски научници тој е „македонски цар“ на „македонска држава“! (3)

Продолжуваат и денес, на 7 октомври 2026 посети и поклонувања на Бугари пред саркофагот со „посмртните останки на нивниот највелики бугарски владетел Самуил “во Софија. Продолжува со тоа и и градењето на националниот идентитет и на историјата на Бугарите на сметка на македонскиот идентитет и историја.

На инспектори им исекле гуми на возило за да не се дознае кој нелегално користи социјални пензии

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека се откриени повеќе од 4.500 корисници на гарантирана минимална помош и социјална сигурност кои ги земале парите без да ги исполнуваат условите, а меѓу нив имало починати лица, иселени граѓани и фиктивни корисници.

To top