Македонија

Филипче знае: Уставниот суд ќе го укине линеарното зголемување!?

Од СДСМ неколку дена наназад тврдат дека во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување немало пари, но оттаму ги демантираа овие тврдења

 

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција обвини дека владата на Христијан Мицкоски направила хаос во Фондот на ПИОМ.со што во ризик ја доведе исплатата на пензиите.

Мемов: Праведно е линеарното зголемување на пензиите

Филиче, пак, смета дека е потребно власта да се придржува до законското решение кое што беше донесено во времето на владата на СДСМ и најави дека Уставниот суд ќе го укине линеарното зголемување на пензиите.

„ Законското решение на СДСМ беше логично, обезбедуваше доволна сума на пари за континуирано зголемување на пензиите, согласно зголемувањето на трошоците за живот, согласно растот на минималната плата, согласно инфлацијата. Ние направивме 50% усогласување со инфлацијата, 50% усогласување со платите. А сега Владата донесе несоодветно решение и ќе видиме сега, според одлуката на Уставниот суд, многу веројатно противуставно решение“, рече Филипче.

Од партијата на Филипче неколку дена наназад тврдат дека во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување немало пари, но оттаму ги демантираа овие тврдења.

Од ПИОМ велат дека исплатата на пензиите ќе се одвива нормално.

 

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски побара од Бугарија, како НАТО-партнер, да ѝ го испорача осудениот Михаилов, баран со потерница, кој се појавува на протести во Софија!

„Ние имаме потерница за тоа лице и очекувам нашите партнери да постапат соодветно на партнерството.“ – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со Симеон Михаилов. Михаилов е осуден на 12 години затвор во Македонија, но избега пред да ја отслужи казната. Тој сега се појавува на бугарски телевизии и на протести во Софија, од каде што ја брани неговата ќерка Ива Михаилова, на која ѝ се суди во Кочани за сообраќајна несреќа со еден загинат.

To top