Македонија

За Најчевска секое улично куче е спремно за убивање, клетва за сите што ќе убијат тарантули што ќе ги подари

И раката нека им се исуши…

Шокантна јавна порака од професорката Мирјана Најчевска која објави дека за неа секое улично куче е спремно да биде убиено.

Најчевска била испровоцирана за ваква изјава од личен инцидент.

,,Глутница од 7 големи кучиња ми ја нападна мојата биглка додека се шетавме низ село. Се разбира мојата биглка беше на поводец а не слободна да трча по улица. Во обид да ја одбранам ме нападнаа и мене.

Одвај ја спасивме со помош на луѓе кои истрчаа од дворовите.

Сега да ви кажам на вас љубителите на кучиња кои се препичувате наоколу и вие од Лајка и слични трчилажи кои собирате пари и пуштате кучиња наоколу, секое куче кое ќе го видам слободно на улица го сметам за спремно да биде убиено.

Ако веќе сакате да важат природните закони, во природата победува посилниот или тој кој има оружје во раце.

Гонете се бре кретени кои не знаете што е цивилизација.

Јас сум одговорен сопственик на куче и се грижам за него како за член на семејството, ама секое слободно куче го сметам за ѕвер кој е опасен по живот”, пишува Најчевска.

 

Дополнително таа фрла клетва за сите што ќе убијат тарантули кои што таа ќе ги подарува на граѓани кои ја напаѓаат за подготвеноста за убиство на слободни улични кучиња.

,,Сите оние кои ме изнарекоа со разноразни имиња затоа што сакам да се заштитам од глутници слободни кучиња нека ми пратат адреса за да им подарам по една тарантула.

И раката нека им се исуши ако ја убијат.

Тарантулите кои ќе им ги подарам сакаат слободно да се шетаат по дома и посебно сакаат да спијат со газдите во кревет”, вели Најчевска во посебна објава во која фрли клетва.

 

Таа директно се пресметува со граѓанин кој ја нападнал за ставот и го нарекува кретен.

,,За кретенот Никола Георгиев кој поттикнува одржување диви глутници и неговите квази – хумани следбеници кои овозможуваат загрозување на животот и здравјето на граѓаните:

1. Нема ниту еден закон во било која европска држава со кој се поттикнуваа постоење слободни глутници улични кучиња во населените места освен во Македонија каде што еднаш заловеното куче повторно се враќа на улица.

2. Во законот мора да се предвиди заловување на кучиња, нивно згрижување до 3 месеци (со цел да се најде евентуално сопственикот доколку станува збор за изгубено куче или да се најде вдомување за кучето).

3. По тој период се врши успивање на кучето.

4. За секој сопственик кој ќе го пушти кучето на улица да има кривична одговорност.

5. Не смее да има куче без сопственик. Доколку некој сака да чува куче во заеднички простор околу и во зградата мора да се идентификува како сопственик на кучето и да добие согласност од сите станари во објектот. Секоја настаната штета од однесување на кучето ја сноси сопственикот. За секој оној кој храни улични кучиња, овозможува нивно размножување и населување во заедничките простории на стамбените згради а не е нивни сопственик и нема писмено добиена согласност од сите станари на објектот, прекршочна одговорност и парична казна, а при повторување на делото и кривична одговорност.

6. Општината е одговорна за справување со уличните кучиња и со заштита на граѓаните од квази љубителите на животни кои го загрозуваат животот и здравјето на луѓето.

 

Тоа е цивилизациско однесување.

 

Има луѓе кои не сакаат кучиња и не се должни да ги трпат во својата околина.

Има луѓе кои се плашат од кучиња и не се должни да ги трат во својата околина.

Има луѓе кои се алергични на кучиња и не се дожни да ги трпат во својата околина.

Има луѓе кои кучињата не ги сакаат и не се должни да трпат напади од кучиња.

Има луѓе кои сакаат кучиња, ама не на улица во неконтролирани глутници кои можат во секој момент да станат агресивни.

 

Значи, со цел луѓето да не ја преземат заштитата од слободни кучиња во свои раце, треба да се ослободат улиците од улични кучиња.

 

Се додека не се донесе оваа законска промена кретенот Никола Георгиев и неговите следбеници нека ги соберат сите улични кучиња кај нив дома и никој не им брани да ги чуваат и пазат и сакаат се додека се под нивни надзор и апсолутна контрола.

 

А утре ќе му ја испратам сметката за ренгенско снимање и за лекување на раката повредена при нападот на кучињата”,  пишува Најчевска.

 

Таа јавната реакцијата за нејзината објава за убиство на улични кучиња и геноцидот во Газа го става во контекст.

 

,,Знаете што е интересно со ова мојава објава дека ќе се бранам од уличните глутници и нападите од глутниците квази љубители на животни во врска со оваа моја објава?

Интересно е дека ниту еден од нив не се појавува на мојот фб профил кога пишувам за геноцидот во Газа и за убивањето на деца во Газа.

Интересни работи ќе види човек кога ќе вкрсти некои податоци”, заклучува професорката Најчевска.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

Савески: Јавното обвинителство ќе постапува по секоја кривична пријава поврзана со Алта банка!

„Ќе мора и надлежниот обвинител да ги провери наводите и да преземе соодветни истражни дејства.“ – истакнува државниот јавен обвинител Ненад Савески во интервјуто за емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, кое ќе се емитува вечерва во 21:30 часот.

To top