Свет

Една третина од жителите на една земја сакаат да се иселат во Австралија

Жителите на Тувалу учествуваат во „лотарија“ за добивање виза за живеење во Австралија. Австралија нуди визи на 280 секоја година според договорот за климатска миграција што Канбера го нарече „првиот договор од ваков вид во светот“. Повеќе од 3.000 жители на Тувалу веќе аплицирале за првата група визи, пишува Гардијан. Одлуката за добитниците на виза […]

Жителите на Тувалу учествуваат во „лотарија“ за добивање виза за живеење во Австралија. Австралија нуди визи на 280 секоја година според договорот за климатска миграција што Канбера го нарече „првиот договор од ваков вид во светот“.

Повеќе од 3.000 жители на Тувалу веќе аплицирале за првата група визи, пишува Гардијан. Одлуката за добитниците на виза ќе се донесе по случаен избор.

Тувалу има население од 10.643 жители, според податоците од пописот од 2022 година.

Научниците стравуваат дека Тувалу, едно од местата најзагрозени од климатските промени, ќе стане ненаселливо во следните 80 години. Два од деветте корални атоли на архипелагот веќе во голема мера исчезнаа под вода.

„Австралија го признава разорното влијание на климатските промени врз егзистенцијата, безбедноста и благосостојбата на земјите и луѓето, особено во регионот на Пацификот“, соопшти австралиското Министерство за надворешни работи.

Австралија и Тувалу потпишаа договор во 2023 година, според кој Австралија отвори нова категорија визи специјално наменети за возрасни граѓани на Тувалу.

„Ова е прв договор од ваков вид насекаде во светот, кој обезбедува пат за мобилност со достоинство додека климатските влијанија се влошуваат“, истакна портпаролот на Министерството за надворешни работи на Австралија.

Најнови вести од: Свет

Израелски министер: Палестинците мора да се иселат од Газа

Министерот за одбрана на Израел тврди дека нема трајно решение за Газа без масовен егзодус на населението и рече дека израелската држава е подготвена да организира заминување на Палестинците по море, воздух и други средства

Зеленски: „Деновите на безбедност на руското небо се завршени“

Ги предупреди меѓународните авиокомпании и осигурителите компании дека интензивирањето на нападите со украински дронови ќе го направи рускиот воздушен простор сè поопасен и би можело ефикасно да доведе до негово затворање

Најнови вести

To top