Свет

Трамп го притиска Нетанјаху „за две недели“ да заврши војната во Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнаа договор за план за прекин на огнот во Газа, кој треба да се спроведе во рок од две недели, објави „Израел Хајом“. Администрацијата на Газа ќе им биде предадена на четири арапски земји, вклучувајќи ги Египет и ОАЕ, предвидува главната точка на договорот. На жителите […]

Американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху постигнаа договор за план за прекин на огнот во Газа, кој треба да се спроведе во рок од две недели, објави „Израел Хајом“.

Администрацијата на Газа ќе им биде предадена на четири арапски земји, вклучувајќи ги Египет и ОАЕ, предвидува главната точка на договорот.

На жителите на енклавата кои сакаат да емигрираат ќе им се помогне да ја напуштат Газа и да се преселат во други земји.

Втората главна точка наведува дека Израел ќе се согласи на создавање палестинска држава, но под услов Палестинската самоуправа да се реформира. САД ќе признаат ограничен израелски суверенитет над териториите Јудеја и Самарија – во пракса ова е претежно палестинскиот Западен Брег, кој сè уште има сложен и спорен статус.

Раководството на Хамас ќе ја напушти Газа и ќе оди во егзил, заложниците ќе бидат ослободени.

Важна карактеристика е што Саудиска Арабија и Сирија ќе се приклучат на „Абрахамскиот договор“ – тие ќе ја признаат државата Израел и ќе воспостават официјални односи со Тел Авив.

Објавувањето укажува дека Нетанјаху е под силен притисок од Трамп да ја прекине операцијата во Газа.

Изралскиот премиер изјави дека достигнувањата на Израел во борбата против Иран отвориле врата за проширување на мировните договори со арапските земји во регионот.

„Две недели“ – омилениот „блеф“ на Доналд Трамп

Најнови вести од: Свет

Зошто светската енергетска криза ќе трае долго?!

Дури сега светот ќе се соочи со недостиг од нафта, бидејќи Иран во меѓувреме ефикасно го блокираше Ормускиот теснец, клучна поморска рута низ која поминува петтина од светските потреби за нафта, како и големи количини течен природен гас.

Бивш амбасадор на САД: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

Иво Далдер нагласи дека изјавите на Трамп, во кои тој објавува дека САД можеби нема да ги бранат сојузниците од идна воена агресија од страна на Русија или други противници, ја дестабилизираа алијансата и го потресоа глобалниот поредок

Најнови вести

To top