Македонија

Асани: Албанците во РМ треба уставно да се признаат како државотворен и конститутивен народ, а Тирана да стане сѐалбански центар во Балканот!

„Расправата за прашањето на Бугарите во Уставот е само завеса, за да се скрие вистинската цел: да се сведат Албанците на декоративна заедница, а не како партнер во градењето на државата. Опасноста е опиплива и блиска. Слабеењето на уставната субјективност на Албанците ќе создаде простор за екстремистички говор, за дестабилизирачки проекти и нови меѓуетнички тензии.“ – пишува проф.д-р Скендер Асани во својата колумна со наслов „„Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира“, која ја објави весникот на албански јазик „Факти“ од Скопје. Во изминатите недели преку свои колумни, објавени од различни медиуми од Балканот, Скендер Асани ги повикува Албанците од Македонија „да изградат нова Платформа за албанската државотворност“ и „сѐалбанско национално единство“, за да ја „унапредат својата улога како уставно признат државотворен народ и конститутивен чинител на државата Македонија“. Тој ја повикува и „официјална Тирана да ја преземе својата улога како водечки политички центар за албанската нација во регионот“, а „заедно со Приштина и Скопје Тирана да ја изгради и новата албанска оска во Балканот“.

„Од 1991 година до денес се забележува постојана  политичка линија која има за цел да ја намали улогата на Албанците, да ја релативизира нивната уставна субјективност и да ја сврти државата кон еднонационална парадигма. Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира. Распадот на Југославија ги затекна Албанците од Македонија подготвени да бидат чинител за формирање на државата. Тие ја гарантираа евроатлантската насоченост на новата држава и ѝ дадоа меѓународен легитимитет. Но, овој придонес беше потценет, продолжи институционалното третирање на Албанците како опасност, а не како партнер. Системската дискриминација, отфрлањето на албанскиот јазик и основните права доведоа до судирот во 2001 година, од кој произлезе Охридскиот договор.“ – наведува Скендер Асани во колумната со наслов „Албанското прашање не се третира како конститутивно партнерство, туку како проблем што треба да се администрира“, која ја објави денес, на 1 декември 2025 година весникот на албански јазик „Факти“ од Скопје. Асани како историчар е научен советник и редовен професор во Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Македонија од Скопје. 

Во оваа колумна Асани, покрај другото, натаму пишува: „Во овој критичен историски момент Албанците мора да се мобилизираат, за да ги одбранат својата уставна субјективност и евроатлантската ориентација преку обединета и стратегиска политичка платформа. Политичкото единство и институционалната поврзаност мора да бидат од најголема важност. Една сѐалбанска коалиција, непоколеблива соработка меѓу централните институции и локалните структури, како и спречувањето на политичките поделби, се клучот за опстанокот и колективната сила. Правното и уставното дејствување се неопходни: следење на сите нацрт-закони и амандмани, што ја нарушуваат уставната субјективност на Албанците, ангажирање во меѓународни судови и институции и обезбедување рамноправна застапеност во државните институции. Меѓународната стратегија и дипломатија треба да ги зајакнат врските со евроатлантските актери и да го поттикнат признавањето на улогата на албанскиот партнер во Македонија  како стабилизирачки партнер, а едновремено да спречат какво било дестабилизирачко влијание.“ – наведува Скендер Асани во колумната.

Во колумната со наслов „Ноември на националната одговорност“, која ја објави весникот „Бота сот“ од Косово на 3 ноември 2025 година Скендер Асани, покрај другото, напиша: „Албанците се соочуваат со историската задача да ја вратат и да ја унапредуваат својата државотворност преку градење нова Платформа за албанската државотворност во Македонија. Официјална Тирана мора да ја преземе водечката улога што ѝ ја доделуваат историјата и геополитичката позиција. Во овие чувствителни моменти таа мора да биде  водечки политички центар за албанската нација во регионот. Тирана не може да молчи пред политичките кризи во Приштина, или пред институционалниот вакуум во Скопјe. Само преку координација со природниот сојузник на Албанците – Соединетите Американски Држави и другите меѓународните партнери Тирана, Приштина и Скопјe можат да изградат нова албанска оска на регионална стабилност и евроатлантска безбедност, правејќи ги Албанците како стратегиски чинител  за иднината на Балканот.

Во колумната со наслов „Државотворноста наспроти изборите и процесот на интеграција“ , која ја објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“ од Скопје на 15 септември 2025 година, Скендер Асани ги повика албанските партии од Македонија да „изградат заедничка национална платформа, заради унапредување на албанската државотворност во земјата“. „По 19 октомври 2025 година два главни предизвика ги очекуваат Албанците: прво, финализирање на процесот на уставни измени, без кои патот кон интеграција во Европската Унија нема да биде отворен; второ, консолидација и унапредување на албанската државотворност, при што Охридскиот договор не би бил затворање, туку отворање  нов процес. Дали албанските партии ќе се префрлат од жесток говор кон заедничка национална платформа?“ – изнесе Скендер Асани во оваа колумна.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top