Регион

Во Албанија пензионерите почнаа да добиваат новогодишен бонус од 100 до 150 евра

Во Албанија од денеска, почна исплатата на новогодишниот бонус за албанските пензионери објави на Фејсбук министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај.

Во Албанија од денеска, почна исплатата на новогодишниот бонус за албанските пензионери објави на Фејсбук министерката за економија и иновации, Делина Ибрахимај.

  • „Од денеска почна исплатата на новогдишниот бонус во износ од 100 односно 150 евра. Овој бонус е заслужена поддршка за над 760 илјади корисници. Од нив 541 илјада пензионери, кои примаат до 200 евра месечно, ќе имаат корист од бонус од по 150 евра, додека 221 илјада пензионери кои примаат над 200 евра ќе добијат бонус од 100 евра“, напиша Ибрахимај.

За таа намена владата издвоила средства во износ од 97 милиони евра.

Новогодишен бонус, со идентичен износ лани пензионерите исто така добија во Албанија, а во пролетта им беше исплатен бонус во износ од 50 односно 100 евра.

Најнови вести од: Регион

Иран ѝ се закани на Бугарија дека ќе ја нападне, оти е „агресија тоа што САД користи нејзини воени бази“!

Техеран денеска повторно ја предупреди Бугарија, која е членка на НАТО, да не дозволува користење на нејзината територија за израелски или американски воени операции против Иран и ѝ порача дека го задржува правото да го нападне изворот на каков било напад.

„Сан“: Албанците најбројни странци во британските затвори – сега ги има 940, главно дилери на кокаин

Во последните три години само 13 албански затвореници се префрлени од британските во албанските затвори, за да продолжат да ги издржуваат своите казни, иако договорено било префрлање 200 лица.

To top