Хроника

Маж од Македонија загина во Швајцарија како сопатник во БМВ што „летало“ во зона од 30 км/ч

Возачот, исто така македонски државјанин, побегнал од местото на настанот, но утредента сам ѝ се предал на полицијата

Во тешка сообраќајна несреќа што се случи прексиноќа во швајцарскиот град Шлирен, во кантонот Цирих, 39-годишен маж од Македонија трагично го загуби животот како сопатник.

Медиумите во Швајцарија известија дека возачот, исто така 39-годишен државјанин на Македонија, прво го напуштил местото на настанот по судирот, а потоа се предал.

Според официјалниот извештај на циришката кантонска полиција, несреќата се случила во саботата околу 23:30 часот. Возилото, моќен „теренец“ БМВ со над 500 коњски сили, се движело од „Енгстрингерштрасе“ кон „Грабенштрасе“.

Врз основа на трагите на местото на настанот, полициските експерти заклучиле дека автомобилот се движел со брзина многу поголема од дозволената, во област каде што ограничувањето е строго 30 км/ч.

Откако свртил десно, возачот ја изгубил контролата врз моќното возило и тоа излетало од патот на десната страна, предизвикувајќи серија судири. Прво, удрило во улична светилка, потоа во дрво покрај патот и на крајот се забило во предниот дел на станбена зграда.

Според извештаите, во несреќата сопатникот бил тешко повреден, но наместо да побараат итна помош, возачот и сè уште неидентификувана жена што била во возилото избегале од местото на настанот, оставајќи ја жртвата без помош. Итните служби брзо пристигнале и го пренеле повредениот маж во болница, каде што починал во неделата попладне.

Полицијата и јавното обвинителство од Цирих-Зил веднаш започнале обемна истрага. Принуден од околностите, возачот се јавил во полициската станица во неделата малку пред 12 часот и им се предал на властите.

Истрагата продолжува, а полицијата сè уште ја бара жената што била во возилото за да ги открие нејзината улога и идентитет.

Најнови вести од: Хроника

МВР: Тројцата скопјани Ј. Ј., В. А. и В. С. се лишени од слобода, поради претепувањето малолетник и избодување со нож во Ченто, Скопје

Три лица се приведени поради физички напад и нанесување повреди со остар предмет на малолетник во скопската Општина Гази Баба, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Ристова: До кога врсничко насилство, треба ли да ни се случи „Рибникар“?

Адвокатката зачудена како тоа родителите на децата што крвнички тепале 12.годишно девојче и тоа неколку пати по ред, не се одговорни за кривичното дело “Запуштање и малтретирање на дете”, затоа што не биле свесни за дејствијата што ги преземале нивните деца“

Најнови вести

To top