Македонија Бизнис

Крај за фантом-фирмите кои го „цицаа“ државниот буџет и нелегално се богатеа

Крај за фантом-фирмите и луѓето кои испумпувале стотици милиони евра од државниот буџет. Управата на јавни приходи од 1 јули воведува нов систем за електронска фактура, што на компаниите ќе им овозможи поефикасна работа. Овој систем значително ќе го олесни работењето за компаниите, односно ќе нема печатење, испраќање или чување хартиени фактури. „Генерално можам да […]

Крај за фантом-фирмите и луѓето кои испумпувале стотици милиони евра од државниот буџет. Управата на јавни приходи од 1 јули воведува нов систем за електронска фактура, што на компаниите ќе им овозможи поефикасна работа. Овој систем значително ќе го олесни работењето за компаниите, односно ќе нема печатење, испраќање или чување хартиени фактури.

  • „Генерално можам да сумирам дека оваа е – фактура како процедура ќе значи да нема онакви фантом фирми кои што 90, 100, 200, 300 милиони евра ќе украдат од буџетот и од вас граѓаните, ако добро се пременува и се работи, во што немам сомневање.“, кажа Мицкоски.

Со новите кои ќе се воведат, секоја безготовинска трансакција ќе биде евидентирана и контролирана во реално време. Министерката за финансии уверува дека овој систем е од огромно значење за борбата против сивата економија.

Директорката на УЈП, Елена Петрова, нагласи дека овој систем на сопствениците на бизниси од една страна ќе им овозможи поголема контрола, а од друга страна одговорност. Бидејќи секоја фактура ќе има електронска трага.

  • „Задолжителната имплементација планираме после проверката и потврдувањето дека системот е сигурен и стабилен, планираме да започне од третиот квартал 2026 година. Веројатно, ќе биде етапно, зависно од корисниците на системот“, вели Елена Петрова, директорка на УЈП.

Пилот-фазата стартува од 1 јануари, а задолжителната примена се очекува во третиот квартал од идната година. Новиот систем овозможува фактурите да пристигнуваат во истиот момент, по нејзиното издавање.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top