Македонија

Николовски: Одамна заслуживме да ги почнеме преговорите за членство, ЕУ да постави јасна визија за Македонија!

„Во однос на уставните измени клучно прашање е дали нивното усвојување е последниот услов, или пак за неколку години повторно ќе ни се стави вето. 
Мора да има извесност во процесот и мора да знаеме кога ќе почнеме да преговараме и кога ќе ги завршиме преговорите, нормално доколку ги реализираме реформите, коишто ги бара ЕУ.“ – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА во Брисел, каде учествуваше на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“ во организација на тинк тенкот Пријатели на Европа.

„Македонија одамна има заслужено да ги почне преговорите за членство во ЕУ, па затоа Унијата треба да изврши притисок врз оние, што го блокираат процесот на проширување, со цел тој да продолжи.“ – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА во Брисел, каде учествуваше на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“ во организација на тинк тенкот Пријатели на Европа.

Николоски нагласи дека на Самитот одредени европски челници и дипломати „доста храбро“ признаа дека процесот на проширување е пред сè политички, а дури после тоа доаѓа исполнувањето на реформите, критериумите или заслугите. И ако веќе знаеме дека процесот е политички, тогаш се потребни политички одлуки, и тогаш е потребно најголемите земји членки од ЕУ да постават јасна визија за регионот, јасна визија и за Македонија – рече Николоски.

Вицепремиерот во интервјуто најавува дека изградбата на брзата пруга кон Грција ќе започне следното лето, а од 2031 година очекува да профункционира и железничката врска со Бугарија. Според него, околу Нова година ќе биде пуштена во употреба и нова делница од автопатот Охрид-Кичево, а за многу скоро време ќе имаме и целосно автопатско решение до Прилеп и до Битола. Николоски најавува и воспоставување нови авиолинии од Охрид и Скопје, како и воведување на систем за електронски пополнување на сите документи за прекуграничен камионски транспорт.

Во продолжение може да го прочитате интегралното интервју со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за МИА.

МИА: Учествувавте на „Самитот ЕУ-Западен Балкан“ на Пријатели на Европа на панелот посветен проширувањето на Унијата. ЕУ инсистира дека услов за членство е исполнување на поставените критериуми. Но, во минатото имаше случаи кога на некои новопримени членки им „се прогледуваше низ прсти“. Па дали во актуелниот геополитички момент би можеле да очекуваме ЕУ да ѝ даде предност на стабилноста, пред строгата условеност на пристапниот процес?

Николовски: Во право сте. Дебатата во ЕУ почнува да се менува, и тоа е добро, особено после воената агресија во Украина, тоа е нешто што навистина е загрижувачко за целиот регион и за цела Европа. Никој не очекуваше дека во 21 век може да има војна. Но, ЕУ веќе станува поотпорна и на Самитот можевте да слушнете доста храбро како одредени европски челници, дипломати, признаваат дека процесот е пред сè политички, а дури после тоа доаѓа исполнување на реформите или критериумите или заслугите. Денеска дебатата се движеше од тој дека е стопроцентно политички, до тоа дека е мешан. Но, тоа е голема промена во наративот, ако споредите со пред неколку години кога сите велеа дека е само базиран на заслуги. И ако веќе знаеме дека процесот е политички, тогаш се потребни политички одлуки и тогаш е потребно најголемите земји членки од ЕУ, да постават јасна визија за регионот, јасна визија и за Македонија. Нас не интересира Македонија. Да направат притисок врз оние коишто го блокираат процесот на проширување со цел процесот на проширување да продолжи, и Македонија да ги почне преговорите. Затоа што тоа одамна го има и заслужено Македонија.

МИА: Споменавте дека заслужуваме почеток на преговорите, меѓутоа постојано се инсистира дека мора да го исполниме уште тој еден услов за да ги почнеме преговорите, а тоа се уставните измени. Има ли нови моменти околу тоа прашање?

Николовски: Клучното прашање е дали е тоа само уште еден услов и дали е тоа последниот услов или тоа не е така. Знаете дека ние рековме дека уставни измени под бугарски диктат нема да правиме. Знаете дека имаше и има идеи како да се надмине целата работа. Ние уште додека бевме во опозиција зборувавме за уставни измени со одложено дејство, коишто би влегле во сила кога Македонија ќе ги заврши преговорите, со цел да не е блокирана во текот на преговорите. Зборуваме, исто така и Бугарија да заврши дел од своите обврски, за да има балансираност во процесот. Постојат 14 пресуди на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, коишто мора да бидат применети од сите земји членки. Бугарија нема спроведено ниту една, а се однесуваат на Македонците во Бугарија, на нивните основни човекови права, на здружување, на политичка активност и на своја самоидентификација. Така што, процесот мора да е двонасочен, и процесот мора да дава гаранција дека нема да седиме тука за неколку години повторно и да речеме, еве Македонија повторно е блокирана. Некој повторно стави вето заради внатрешно политички причини или заради причини коишто се поврзани со избори повторно ја блокираше Македонија. Мора да има извесност во процесот и мора да знаеме кога ќе почнеме да преговараме и ќе ги завршиме преговорите, нормално доколку ги реализираме реформите коишто ги бара ЕУ.

МИА: Во Брисел ќе учествувате и на Министерскиот совет на Транспортната заедница, на кој ќе се разговара за транспортната политика и инфраструктурни проекти на Западниот Балкан, вклучително и за коридорите 8 и 10. Па, во тој контекст, до каде е постапката за проектот за изградба на брза пруга?

Николовски: Во однос на брзата пруга, напредуваме одлично. Во овој момент имаме активности коишто се во делот на подготовка. Тоа е многу сериозен проект и мора добро да е подготвен. Престижна меѓународна компанија го работи тоа за нас, компанија којашто е препорачана исто така и од Велика Британија. Паралелно имаме веќе најдобра индикативна понуда за финансирање на проектот, а во скоро време ќе влеземе и во процес на изборен изведувач. Така што очекувам процесот да оди со оваа динамика. Значи подготвителните работи се веќе започнати, а она што за граѓаните е визуелен почеток на работа, да видите машини на терен, тоа очекувам да се случи некаде летото.

МИА: Да останеме на пругите. Го потпишавте договорот за изградба на меѓуграничниот железнички тунел со Бугарија на Коридорот 8. Кога може да очекуваме старт на работите, но и кога ќе можеме со воз да патуваме од Скопје до Софија?

Николовски: Па, се надевам во 2031 година, ако и Бугарија работи со динамиката којашто ја добив како ветување од бугарскиот вицепремиер и министер за транспорт. Се надевам дека 2031 е датумот. На наша страна ние веќе ја завршивме првата секција којашто оди од Куманово до Бељаковце. Бељаковце-Крива Паланка, се работи интензивно во моментов. За третата делница веќе почнуваме подготовки за да објавиме тендер. Веќе беше објавена информација на европскиот сајт за тендерски процедури, каде што очекуваме да се пријават што повеќе заинтересирани компании. Така што, тоа е нешто што е добро. И очекуваме во тек на месец декември, најдоцна во тек на месец јануари, веќе да имаме објавен тендер, и за надзор и за изведба, односно за работа.

МИА: За време на престојот во Брисел најавивте средба и со бугарскиот колега Гроздан Караџов?

Николовски: Да. На состанокот на Tранспортната заедница ќе бидат министри од различни држави. Очекувам да го продолжиме дијалогот со вицепремиерот и министер за транспорт и врски на Бугарија, Гроздан Караџов. Човекот навистина храбро влезе во целата оваа работа и е насочен кон реализација на проекти. Така што, убеден сум дека ќе имаме еден конструктивен дијалог којшто ќе оди во насока на продолжување на она што направивме во Ѓуешево, а тоа е потпишувањето на меѓудржавниот договор за реализација на меѓу граничниот тунел, којшто треба да ги спојува двете држави.

МИА: Колку сте задоволни со динамиката на изградбата на автопатот Кичево-Охрид и на автопатиштата што ги гради „Бехтел и Енка“? Ќе можеме ли наскоро да очекуваме пуштање во употреба на нови автопатски делници?

Николовски: Да. Очекувам околу Нова година да биде ставен во функција еден нов дел од автопатот Охрид-Кичево. Таму работата се придвижи. Тоа беше напуштен проект, заборавен проект. Проект од којшто сите се имаа откажано и проект еве којшто го задвижуваме и којшто го гледа светлото на крајот на тунелот, односно гледа сопствена реализација. Исто така, во моментов заедно со Европската банка за обнова и развој работиме на избор на изведувачи. При крај сме на делот којшто оди од Кичево до Букојчани. Букојчани-Гостивар или популарната Стража, веќе се работи активно. Пробиени се 17 од вкупно 32 километри. Понатаму, исто така, активно се работи и Гостивар-Тетово, како и најдолгиот автопат којшто Македонија го гради и најдолга секција којашто Македонија кога било ја изградила во еден проект. Тоа е автопатот Прилеп-Битола, во должина од 40 километри. Се работи, а за многу брзо време ќе излеземе со решение и за делот којшто оди од Прилеп до Фариш. Затоа што, Градско-Дреново-Фариш го пуштивме. Што значи дека за многу скоро време ќе имаме целосно автопатско решение до Прилеп и до Битола.

МИА: Колку овие инфраструктурни проекти имаат одраз врз градежништвото?

Николовски: Многу, и допрва ќе имаат. Јас очекувам двоцифрени бројки на раст во градежништвото. Веќе следната година очекувам во градежништвото да имаме над 10 проценти раст, што целосно ќе ја промени економската слика во Македонија.


МИА: Да се префрлиме на воздушниот сообраќај. Може ли наскоро да очекуваме некои новини во авиосообраќајот? Нови дестинации од македонските аеродроми? 


Николовски: За една година успеавме да отвориме 21 дестинација, што за мала држава како Македонија и за само два аеродроми е многу. Очекувам од мај месец да се отворат Краков и Вроцлав за Охрид. Исто така, „Аустријан Ерлајнс“ да почне да лета од Виена директно за Охрид. Тоа се три работи коишто се договорија, а веќе сега од февруари месец „Флај Дубаи“ да лета Скопје-Дубаи.

МИА: До каде сме со примена на „Уан стоп шоп“ системот и меѓуграничната соработка за олеснување на транспортот на луѓе и стоки?

Николовски: При крај сме со избор на изведувач за еден проект којшто се нарекува „Њу Сингл виндоу“, што го работиме заедно со Светската банка. Наједноставно кажано, тоа ќе значи дека превозниците особено оние во товарниот сообраќај, оние коишто вршат камионски превоз, нема веќе да треба да застануваат на границите, доколку ги исполнуваат сите услови и ќе можат електронски да ги пополнат сите документи коишто се потребни. Тоа ќе биде проверувано од институциите. И доколку институциите речат дека тоа е тоа, тогаш ќе можат да поминуваат. Истото го воведуваат и Албанија и Србија во прва фаза, а од втора фаза Косово, БиХ и Црна Гора. Што значи, доколку некоја стока се натовари на пристаништето во Драч, ќе може да оди до Нови Сад без да застанува на граници.

МИА: Почнавме со ЕУ, па и да завршиме. Како оди имплементацијата на обврските од Планот за раст и Национална транспортна стратегија?

Николовски: Добро е, задоволни сме. Навистина сме задоволни. Во делот на Планот за раст се она што можеме да реализираме го реализираме, а додека во делот на Националната транспортна стратегија, очекувам на 5 декември да излезат бројките за третиот квартал. Мислам дека истите се добри. За првата половина на оваа година споредено со првата половина од претходната година, растот во делот на транспортот и логистиката е 6,1 процент, што е далеку над просекот на раст во државата. Градежништвото е уште повисоко на девет проценти. Што значи дека овие три сектори, градежништвото, транспортот и логистиката, се оние коишто ја движат македонската економија.

Најнови вести од: Македонија

„Безбеден град“ преполови брзи возачи за 24 часа – но не и пијаните

Алкохолот останува еден од најголемите непријатели на безбедноста во сообраќајот во Македонија. Иако новиот систем „Безбеден град“ драстично ги намали прекршоците за брзина и поминување на црвено светло, камерите не можат да детектираат пијани возачи – тој ризик и натаму зависи исклучиво од свеста на возачите и од контролите на сообраќајната полиција со дрегер.

Муцунски: Политичките блокади ја поткопуваат доверливоста на проширувањето на ЕУ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Виена истакна дека Македонија е доверлив партнер на Европската унија и оти придонесува кон европската безбедност и енергетска стабилност.

Заев, Филипче и Николовски директно ја загрозиле националната безбедност

Триото Заев, Филипче и Николовски во ек на криза функционирало како врзан систем на крвни садови, креирале коруптивна шема и директно ја загрозиле националната безбедност со игрите со стоковите резерви, со отписот па со купувањето на прескапа пченица, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Стојаноски: Ако треба, ќе работиме по 24 часа за да се расветлат сите 138 жртви

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Анкетната комисија, Бојан Стојаноски, во емисијата „Анализа“ на 24 ТВ порача дека комисијата е целосно подготвена да работи интензивно, па дури и по 24 часа дневно, за да се расветлат сите трагедии со вкупно 138 жртви.

Трипуновски откри: Фирма од Струмица зела 20 милиони субвенции без да обработува ни декар

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во гостувањето на ТВ21 најави дека ќе има целосна одговорност за сите утврдени злоупотреби со државното земјоделско земјиште и стоковите резерви од минатото.

(Фото): Ставен под контрола пожарот во близина на црквата „Свети Спас“

Од фотографиите што се споделија на социјалните мрежи се гледа дека до скоро гореа стари објекти што се наоѓаат веднаш спроти влезот на црквата „Свети Спас“, одделени со тесна улица. Сега состојбата е под контрола, пожарникарите завршија работа.

To top