Свет

Маск: Европската унија треба да се укине!

Американскиот милијардер гневен за казната од 120 милиони евра од Унијата за неговата социјална мрежа Икс

Американскиот милијардер Илон Маск повика за укинување на Европската унија, како реакција на казната од 120 килиони евра од Брисел за неговата социјална мрежа Икс поради „кршење на правилата за транспарентност“.

„ЕУ треба да се укине, а суверенитетот да им се врати на поединечните земји, за да можат владите подобро да ги претставуваат своите народи“, напиша Маск на Икс.

Европската комисија оцени дека функцијата на сината значка станала погрешна откако била променета од значка за потврдени корисници во услуга за претплата, додавајќи дека не се нуди доволен увид во базата на податоци за реклами, ниту дека има соодветен пристап до јавни податоци.

Маск реплицира дека казната е налудничава и оти е насочена лично против него, нагласувајќи дека неговиот одговор ќе биде насочен и кон високите функционери кои учествувале во донесувањето на таквата одлука, но не ги откри насоките на неговите постапки.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс ја нарече одлуката на Европската комисија глупава, а државниот секретар Марко Рубио ја опиша како казна за американскиот народ.

За холандскиот десничар Герт Вилдерс, казната од ЕУ за Маск е тоталитаризам, а поранешниот близок соработник и советник на американскиот претседател Доналд Трамп доби поддршка и од заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.

„Токму така“, прокоментира експретседателот на Русија за повикот од Маск за укинување на ЕУ.

Најнови вести од: Свет

Трамп ја „обои“ Венецуела како 51-ва сојузна држава на САД

Не му е прв пат, во јануари, тој сподели слика на која Венецуела, Гренланд и Канада беа покриени со знамето на САД. Откако се врати во Белата куќа, тој неколку пати зборуваше за анексијата на Гренланд и за Канада како можна 51-ва федерална држава

Шпанија експресно врати десетици илјади мигранти кои пливајќи стигнаа до нејзиниот брег

Шпанските власти соопштија дека најмалку 61 лице загинало обидувајќи се да ја премине границата во Сеута – од 60.000 мигранти кои влегле на шпанска територија од Мароко, 53.000 се вратени во Мароко, соопштија властите.

To top