Македонија

Доктор Даниловски предупредува на нова варијанта на грип

Епидемиологот предупредува на нова варијанта на грипот A/H3N2 – Subclade 2 и објаснува што значи тоа

„Секоја зима, респираторните вируси, особено грипот, SARS-CoV-2 и RSV, вршат огромен притисок врз здравствените системи низ Европа. Во една типична сезона, грипот предизвикува до 50 милиони симптоматски случаи и од 15.000 до 70.000 смртни случаи годишно.
Засегнати се сите возрасни групи, иако децата имаат највисоки стапки на инфекција и честопати се првите што ја фаќаат болеста и ја шират во своите семејства. Се проценува дека до 20% од населението заболува од грип секоја година“, објави д-р Драган Даниловски..
Вели дка симптомите се добро познати: Висока температура, кашлица, болки во мускулите и коските, замор, главоболка, воспалено грло, поретко дијареја и/или болки во стомакот, мачнина и повраќање (пред сѐ, кај деца).
Кај деца и постари лица може да се јават и компликации — пневмонија, отежнато дишење, влошување на хронични состојби. Секој алармантен симптом треба да биде причина за јавување кај лекар, препорачува д-р Даниловски во објава на Фејсбук.

Во објавата епидемиологот додава дека оваа сезона на грипот на северната хемисфера започна неколку недели порано отколку во претходните години. Јапонија, на пример, бележи невообичаено голем број случаи уште од октомври.

„Во Европската Унија грипот се појави, исто така, невообичаено рано. Во Шпанија, на пример, епидемискиот праг веќе е надминат неколку недели порано од очекувањата.

Во Македонија бројот на заболувања слични на грип сѐ уште е во рамките на вонсезонска активност. Иако се регистрирани првите случаи на грип (поттип A/H1N1), активноста сè уште е на спорадично ниво“.

 

Најнови вести од: Македонија

ЕВН Македонија го започна проектот „PULSE“ за јакнење на улогата на жените во енергетската транзиција

Со овој проект, ЕВН Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде активен чинител на позитивни промени, градејќи енергетски сектор во кој еднаквоста е темел за одржлива иднина

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

Цементара Усје не е причина за загадениот воздух во Скопје. Компанијата работи по сите стандарди и ги почитува законите, затоа не гледаме причина за дислокација. Вака техничкиот директор на Цементара „ТИТАН Усје“, Гоце Цветковски одговори на новинарско прашање, прашан за тоа како компанијата гледа на обвинувањата од страна на граѓаните дека се најголем загадувач на воздухот во Скопје но и на барањата за дислокација.

ВИДЕО: На самото место фатени дрвокрадци кои пустошат на радовишка Плачковица (Видео)

„Конечно на самото место лице место фатени дрвокрадци кои, пустошат на радовишка Плачковица, Одземени се две моторни возила, една моторна пила и други средства кои ги користеа денеска дрвокрадците! Сторителите се идентификувани и против нив веднаш ќе бидат поднесени кривични пријави.“ – изјави заменик директорот на ЈП „Национални шуми“ Кире Михаилов.

Камиони ќе ги блокираат сите граници од Западен Балкан – Муратовска: Ќе има празни рафтови и страшен колапс на стопанството!

Во понеделник, на пладне ќе има целосна блокада за влез и излез на сите гранични премини во земјава. Камионските превозници од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија ќе ги паркираат камионите на сите гранични премини во овие земји и целосно ќе го блокираат товарниот сообраќај кон Европската Унија и транзитот низ регионот. Ќе нема пречки за влез и излез на патничките автобуси и автомобили. Протестот е заеднички – со цел да апелираат да се променат правилата во новиот систем за влез и излез на Европската унија, за пресметување на денови за престој на возачите. Велат тоа ќе го блокира и поскапи транспортот на стоки и ќе ги пропадне економиите на Западен Балкан.

Насилна пресметка во тетовско Желино меѓу шестмина со оружје и метални предмети, интервенирала полицијата да ги раздвои!

Шест лица од Тетово се соочуваат со кривични пријави, поради насилна пресметка што се случила во селото Желино, откако вербална расправија ескалирала во тепачка и сериозни закани со оружје.

To top