Свет

Филмско бегство на Албанец од затвор во Италија – со јаже од врзани чаршафи

На Тома Таулант ова му е четврто „оддалечување“ од казнена установа, последното во 2013 година од затворот во Парма

Осуденик Албанец успеал да избега од затвор во Милано изведувајќи бегство во филмски стил, врзувајќи чаршафи за решетките од прозорецот на својата ќелија, објавија италијанските медиуми.

„Затвореник од албанско потекло, стар 41 година, осуден на отслужување казна до 2048 година, избегал од затворот ‘Опера’ во Милано на најкласичен начин. Тој ги врзал чаршафите еден за друг за решетките на прозорецот и така се спуштил од ќелијата“, изјави Џенарино де Фацио, службеник во италијанската Управа за спроведување кривични санкции, според новинската агенција АНСА.

Тој додаде дека сè уште не е јасно како осудениот Тома Таулант успеал да скокне преку затворскиот ѕид и дали имал помош од надворешни соучесници.

Според Фацио, оваа епизода од бегството од затворот ги покажува недостатоците во политиката на казнените установи во последните 25 години, вклучувајќи ги и најновите случаи.

Тој, исто така, укажа на пренатрупаноста на затворот, додавајќи дека во затворот во Милано моментално има 1.338 осуденици кои ги издржуваат своите казни, а капацитетот на институцијата е 918 затвореници.

Службеното лице додаде дека потрагата по избеганиот затвореник е во тек.

Според АНСА, ова е четврто бегство на Таулант од казнена установа, а последниот пат кога успеал да избега од затвор бил во 2013 година во Парма со друг осуденик.

Најнови вести од: Свет

Полуостров во пламен, луѓе бегаат од Крим (ВИДЕО)

Украинската кампања со беспилотни летала на Украина ги таргетира клучните руски рафинерии за нафта, цевководи и сродна инфраструктура, придонесувајќи за недостиг на гориво не само на полуостровот, чија економија е во голема мера зависна од руските туристи, туку и во самите руски региони.

Трамп со закани ги „туркаше“ преговорите САД-Иран

Во серија објави на социјалните мрежи и телевизиски интервјуа, американскиот претседател се закани дека ќе го бомбардира Иран, па дури и ќе го киднапира иранскиот преговарачки тим ако Ормускиот теснец не се отвори

Џеј Ди Венс допатува во Швајцарија на преговори со иранските претставници

Главните преговарачи на САД и Иран имаат рок од 60 дена за да постигнат договор за техничките детали кои што би можеле да имаат големи последици врз светската економија и глобалната безбедност

To top