Македонија

Наскоро ќе се распише тендер за набавка на 80 електрични автобуси за Скопје

Ако се земе предвид сето она што досега го реализирал премиерот, Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, верува оти наредната година граѓаните на Скопје, конечно, по многу години, ќе добијат соодветен градски превоз.

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски очекува дека наскоро ќе биде распишана тендерска постапка за набавка на 80 електрични автобуси за главниот град. Ова тој го кажа на денешната седница на Советот на Град Скопје, на која советниците му поставија прашања нему и на директорите на скопските јавни претпријатија, кои главно се поврзани со сообраќајот, јавниот превоз, финансирањето и работењето на јавните претпријатија, како и исполнувањето на обврските кон нив.

  • „Знаете дека беше распишана тендерска постапка за набавка на автобуси која пропадна. Верувам дека многу брзо повторно ќе биде распишана од страна на Владата и дека наредната година ќе добиеме 80 нови електрични автобуси, кои ќе влијаат на подобрување на амбиенталниот воздух во главниот град“, рече градоначалникот.

Како што кажа, ако се земе предвид сето она што досега го реализирал премиерот, верува оти наредната година граѓаните на Скопје, конечно, по многу години, ќе добијат соодветен градски превоз.

Набавката на екоавтобуси за Скопје е едно од неговите ветувања за време на градоначалничката кампања.

Ѓорѓиевски смета дека е потребно системско решение за јавните претпријатија, за што не треба да се чека милостина, како во минатото, туку да се создаде начин на кој самите ќе можат да напредуваат.

Најнови вести од: Македонија

Скопје треба да добие нов саем и жичница од болницата во Козле до Средно Водно

Во однос на нов скопски саем, директорот на СОЗР обелодени дека веќе се бара соодветна локација, а има и заинтересирани инвеститори кои би го изградиле и би стопанисувале со објектот. Во врска, пак, со жичницата, рече дека треба да почне постапка за физибилити студија.

Експотпретседателот на ДУИ Бејта се разиде со Ахмети и ќе се трка за градоначалник на Гостивар од Вреди, влегувајќи и во судир со Таравари!

„Немам непријателство со никого во С.Македонија, ниту со Али Ахмети, но Арбен Таравари со години ги навредуваше гласачите на ДУИ!“ – изјави Невзат Бејта, кој ја поднесе денес својата кандидатура за градоначалник на Гостивар како кандидат од редовите на коалицијата Вреди.

Општина Сарај има долг од близу три милиони евра

Во интерната анализа, Општината открила сомнителни договори, неразумни договори и трошоци направени, како што вели Елмази, без милост. Тој порача дека Сарај веќе нема да се управува со логиката на импровизација или со начинот на размислување „некој друг нека го реши проблемот“.

Најнови вести

To top