Македонија

Македонска докторка со презентација која заинтригирала светски имиња во Дубаи

Светска презентација на иновативниот пристап преку тибијалната артерија за третман на долги CTO лезии на површинската феморална артерија

 

На едната од најреномираните интервенциско-кардиолошки сцени во светот – Gulf PCR 2025 во Дубаи, Македонија доби вистински амбасадор на струката.

 

Д-р Виолета Мојсовска Наумоска, докторанд на медицински науки од областа интервентната кардиологија од Кардиолошкиот центар „Св. Стефан“ – Охрид, приредила настап кој привлекол внимание кај меѓународната кардиолошка заедница.

 

Со две високостручни предавања, „All Things Vascular“ и „Imaging to the Rescue“, д-р Мојсовска Наумоска ги презентирала најновите техники и пристапи во третманот на комплицирани васкуларни и периферни артериски лезии. Нејзиниот настап бил проследен со голем интерес, бројни прашања и дискусии, при што публиката ја истакнала како еден од највпечатливите говорници на годинешното издание на конгресот.

 

Особен фокус привлекла нејзината презентација на иновативниот пристап преку тибијалната артерија за третман на долги CTO лезии на површинската феморална артерија – тема што предизвикала интерес кај водечки експерти поради својата современост и практична вредност.

Со своето учество, д-р Мојсовска Наумоска не само што ја претставила Македонија на престижна светска сцена, туку и покажала дека Охридската кардиоваскуларна школа рамноправно чекори со најголемите имиња од Европа, Блискиот Исток и САД.

 

Gulf PCR уште еднаш докажа дека е конгрес каде се слави науката – а оваа година, дел од оваа научна елита беше и нашата д-р Виолета Мојсовска Наумоска, информираат нејзини колеги.

Најнови вести од: Македонија

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

To top