Бизнис

Стопанска банка а.д. Битола од денеска и официјално АЛТА банка АД Битола

Производите, услугите и каналите за поддршка продолжуваат да се користат без промени

 

 

Почнувајќи од денес, 12.12.2025 година, со усвојувањето на измените и дополнувањата на Статутот на Собранието на акционери, Стопанска банка а.д. Битола и официјално доби ново име АЛТА банка АД Битола или скратено само АЛТА банка.

Успешната аквизиција на Стопанска банка а.д. Битола од страна на АЛТА банка АД Белград заврши во октомври 2025 година, со што банката доби нов мнозински акционер кој заедно со поврзаните субјекти поседува 93,2571%.

АЛТА банка АД Битола станува дел од АЛТА Група – современа финансиска групација со седиште во Белград, која ги обединува банкарските, платежните и инвестициските услуги. Како регионален лидер, АЛТА Група работи согласно европските вредности и највисоките стандарди, со силен стратешки фокус на иновации, дигитализација и врвен квалитет на услугите.

АЛТА Банка АД Белград е една од најзначајните членки на групацијата, која пак во 2024 година доби награда за најбрзорастечка банка во Република Србија. Миграцијата и усогласувањето со нејзините највисоки стандарди и работење од страна на АЛТА банка АД Битола ќе отвори нови можности за воведување иновативни производи и современи дигитални решенија, како и унапредување на корисничкото искуство и задоволство на клиентите, со целосно почитување на домашните финансиски стандарди и регулативи.

Амбицијата на АЛТА банка АД Битола е да стане значаен фактор во банкарскиот сектор во Македонија, сојузник на локалната економија, а истовремено ќе создава услови за развој и на регионалната соработка.

Она што е особено важно за клиентите и деловните партнери е дека работењето на банката продолжува непречено, со целосно задржување на досегашната стабилност, сигурност и континуитет во услугите. Сите експозитури остануваат на истите локации со воведување на нов визуелен идентитет на АЛТА Банка.

„За постоечките клиенти не се потребни никакви дополнителни активности – сите постојни сметки, платежни картички, електронско банкарство и договори остануваат целосно валидни и функционални. Податоците на клиентите се во целост заштитени, а сите законски регулативи строго се почитуваат. Производите, услугите и каналите за поддршка продолжуваат да се користат без промени. Клиентите ќе бидат навремено информирани за сите понатамошни активности кои ќе придонесат за уште подобро банкарско искуство“, велат од АЛТА Банка АД Битола.

 

 

 

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

To top