Македонија

Тетово сепак ќе се украсува за Нова Година

За празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, односно нешто над 24 илјади евра.

На онлајн седница одржана вчера, Советот на Општина Тетово со мнозинство гласови донесе одлука за украсување на градот за претстојните новогодишни празници.

„За оваа програма „за“ гласаше советничкото мнозинство составено од Коалицијата „Вреди“ и ВМРО-ДПМНЕ, додека против беа советниците од коалицијата НАИ. Воздржани беа од Подобро за Тетово, Левица и СДСМ.

Со оваа одлука, Општина Тетово ја потврдува намерата градот да добие празничен сјај за крајот на 2025 година“, изјави претседателот на Советот, Јусуф Абдули.

Истовремено, изгласана е измена на Програмата за активности на Општина Тетово во областа на културата за 2025 година. Според новата програма, за празничното украсување се предвидени еден милион и петстотини илјади денари, што е над 24 илјади евра.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top