Македонија

Анкета: Граѓаните се за смена на обвинителот Коцевски и против зголемување на платите во правосудството

Последното истражувањето на јавното мислење само го потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители

Последното истражувањето на јавното мислење на МКД.мк спроведено од агенцијата Маркет вижн само го потврди фактот дека македонските граѓани не се задоволни од работата на судиите и јавните обвинители во македонското правосудство. Најголем дел од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, а повеќе од 40 отсто од испитаниците се за смена на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

На прашањето дали судиите и јавните обвинители заслужуваат зголемување на платите, дури 73,6 отсто од испитаниците одговориле негативно. Само 14,8 отсто од испитаниците сметаат дека зголемувањето на буџетот за македонското правосудство е заслужено.

Најголем дел од испитаниците сметаат дека ситуацијата во судството нема да се подобри ако судиите и обвинителите добијат повисоки плати.

Во однос на работата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски 42,3 отсто од испитаниците дале негативна оценка за неговата работа, а 22,2 отсто оцениле дека тој добро си ја врши работата.

Дека тој треба да биде сменет речиси 40% од испитаниците се согласиле со ова тврдење.

Анкетирањето беше спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со употреба на CAТI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници. Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Најнови вести од: Македонија

Андреевски: Обвинителството да ги истражи Извештајот на ДЗР за ПОЦ за незаконитостите, сите сомнежи за грабеж и бесрамно пљачкосување на парите на центарци!

Извештајот на ДЗР за ПОЦ е полн со еден куп нерегуларности и сомнежи за криминал, овој документ заслужува посебна седница, нешто што советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го побара. Сакајќи да избегне соочување со фактите пред очите на центарци, градоначалникот Герасимовски се обидува на нетранспарентен начин да ја протне расправата за оваа тема, на седница преполна со други точки, само за да пренасочи вниманието од оваа финансиска афера од невидени размери, објави Горан Андреевски, координатор на советничка групата на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

To top