Хроника

Десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удави во Италија

Попладнево околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удавило во реката Пјаве додека се капело со своите браќа. Пожарникарите и карабинерите веднаш дошле на местото на настанот и операцијата за извлекување на телото од страна на нуркачите од Противпожарната бригада траелa долго. Девојчето, […]

Попладнево околу 16 часот во Сан Џакомо ди Педероба во близина на Тревизо десетгодишно девојче со потекло од Македонија се удавило во реката Пјаве додека се капело со своите браќа.

Пожарникарите и карабинерите веднаш дошле на местото на настанот и операцијата за извлекување на телото од страна на нуркачите од Противпожарната бригада траелa долго.

Девојчето, родено во Италија, кадешто се преселиле нејзините родители од Македонија, се забавувало со своето семејство на бреговите на Пјаве во многу топлиот ден пред да се случи трагедијата.

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top