Македонија

Обвинителството да се позанимава со СДСМ, побара Мицкоски – шират паника и страв за мигранти, а тоа е насилство

Ќе дојде февруари, ќе дојде март, ќе дојде јуни ќе нема мигранти, и тогаш што правиме? Каков ќе биде одговорот од тие ПР експерти

Обвинителството да се позанимава со изјавите на СДСМ околу мигрантите побара премиерот Христијан Мицкоски денеска.

Тој кажа дека од СДСМ шират паника и сеат страв и дека тоа е насилство.

„СДСМ одлучиле да ја тераат оваа тема, а во суштина тие изработиле национална стратегија за прифаќање мигранти во 2017 година, и барале услови каде би се граделе кампови. Такво нешто на оваа влада не и паѓа на памет, тогаш бевме обвинети дека сме ксенофобични.

Ќе дојде февруари, ќе дојде март, ќе дојде јуни ќе нема мигранти, и тогаш што правиме? Каков ќе биде одговорот од тие ПР експерти. Мора и обивнителството да се позанимава со оваа тема, затоа што ова е насилство – создавање немир, паника кај граѓаните. Затоа што ако продолжите со оваа тема, имате намера да создадете немир, паника кај граѓаните“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

To top