Македонија

(Видео): Филипче побара од пратениците да ја потпишат резолуцијата на СДСМ против примање на мигранти во земјава

Кога видовме дека релевантни британски медиуми ја наметнаа темата за носење на мигранти кои се одбиени баратели на азил, од Обединетото Кралство во Македонија, по што поставивме прашања до македонската Влада, но кога видовме дека не одговараат туку напротив, започнаа со напади, интервениравме со многу чести прес-конференции, рече лидерот на СДСМ, Венко Филипче во гостување на Сител ТВ.

Премиерот Христијан Мицкоски и актуелната влада немаат кредибилитет кога тврдат дека не постои договор за носење мигранти во Македонија, посочи претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија, нагласувајќи дека единствениот начин да се отстранат сомнежите во јавноста е со конкретен и јасен чекор, потпис на Резолуцијата. Филипче истакна дека на изјавите на премиерот не може да им се верува, имајќи ја предвид неговата досегашна политичка пракса и повеќекратните спротивставени ставови по клучни државни прашања.

  • Не е доволно, ниту пак имаат кредибилитет нашите членови на Владата, ниту премиерот којшто во неколку наврати знаеме дека кажува изјави коишто после тоа не важат. Да потсетам во периодот наназад не важеше Преспанскиот договор, ќе го враќаше уставното име, ќе си дадеше оставка ако се докажеше поврзаност на Агенција за обезбедување со дискотеката во Кочани. Сето тоа се потврди, ова не се направи и секако може да му човек за едно вакво сериозно безбедносно прашање? Вака не биле понижени граѓаните никогаш, рече Филипче.


Тој ги повика премиерот и пратениците од владејачкото мнозинство да ја поддржат и потпишат предложената Резолуција во Собранието, со која експлицитно се забранува носење мигранти или т.н. економски работници од Велика Британија или од други држави, поврзано со финансиски аранжмани.

  • Зошто не ја потпишат нашата предлог Резолуција во којашто експлицитно стои дека нема да дозволиме да се носат мигранти или економски работници од Велика Британија“, порача Филипче.

Според него, декларативните изјави и политичките спинови не се доволни за вакво сериозно безбедносно прашање и само формален, јавно усвоен документ може да биде гаранција за граѓаните и за државната безбедност.

Најнови вести од: Македонија

Со „Предлог-заклучоците“ Советот на ЕУ ја претвора Македонија во „гробишта за европските резолуции и Копенхагенските критериуми“!

„Бугарското негирање на посебноста на идентитетот и историјата на македонската нација служи како оправдување за бруталната војна на агресија и културно уништување. Оваа националистичка патологија стана официјална политика на ЕУ! Барањата на Бугарија кон С.Македонија се неправедни: додека Бугарија инсистира на вклучување на Бугарите како конститутивен народ во македонскиот устав, таа упорно го негира постоењето македонско малцинство во Бугарија!“ – нагласува д-р Улф Брунбаер во својот научен труд со наслов „Страничните ефекти од ‘фантомските болки’: како бугарската историска митологија го попречува пристапувањето на С.Македонија во ЕУ“. Трудот е објавен на 4 јануари 2023 година во научното списание „Споредбени студии за Југоисточна Европа“. Професорот Брунбауер е австриски историчар и академски директор на Институтот Лајбниц за студии за Источна и Југоисточна Европа во Регенсбург, Германија. Неговите аналитички заклучоци од овој труд претставуваат жестока и аргументирана критика на политиката на Европската унија кон Република Македонија и нејзиното газење на сопствените Копенхагенски критериуми за проширувањето.

Мора да се најде решение со Бугарија за деблокада на евроинтеграциите, рече Муцунски од Брисел

Муцунски оцени дека самитот е важна можност да се потврди стратегијата на ЕУ за проширување и да се испрати позитивна порака до регионот, но и да се отворат конкретни разговори за надминување на билатералните пречки кои го кочат напредокот на Македонија.

Шилегов бара оставка од Филипче: Или си СДСМ, или си тезгаџија!

Поранешниот градоначалник на Скопје и висок функционер на СДС Петре Шилегов јавно преку фејсбук побара оставка од „лидерот“ на СДС Венко Филипче. Ако се има предвид жестината, со која Шилегов го нападна Филипче, означувајќи го со зборот претседател ставен во наводници, се наметнува дилемата: дали можеби Шилегов е дел од иницијатива за обединување на СДС, што веќе кружи и која која подготвува политички концепт и кадровска понуда, во која би влегле поранешни социјалдемократи, меѓу кои и некогашните потпретседател и генерален секретар Игор Ивановски-Шема и Андреј Петров?

(Фото): Поповолна бизнис-клима, стабилен раст и подобар стандард за граѓаните во 2026, очекува Силјановска-Давкова

Живееме во време на глобални геополитички и економски предизвици. Периодот на закрепнување по ковид-пандемијата, инфлациските притисоци и енергетската криза оставија длабоки траги врз економиите низ светот, а нивното влијание не не одмина и нас. Како дел од регионалниот, европскиот и глобалниот пазар, македонското стопанство е изложено на овие турбуленции, вели претседателката.

To top