Македонија

Во Скопје, запленети се 3.372 парчиња пиротехнички средства

Се преземаат мерки и активности за идентификување на лицата кои ја продавале пиротехниката, по што ќе бидат поднесени соодветни извештаи

 

Вчера, на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, полициски службеници од СПБ СП Бит Пазар, постапувајќи според оперативниот акционен план „Пиротехника“, пронајдоа две импровизирани тезги со 876 парчиња разновидна пиротехничка опрема.

Исто така, во 14:00 часот, при контрола на улицата „192“, од страна на полициски службеници во импровизирана тезга беа пронајдени и запленети 2.496 пиротехнички средства од разни видови.

Се преземаат мерки и активности за идентификување на лицата кои ја продавале пиротехниката, по што ќе бидат поднесени соодветни извештаи.Телеграфи

Најнови вести од: Македонија

Легендарен македонист помирен за македонски пасош, жали што не може да помага како почесен конзул на Македонија

Иако е позаслужен за Македонија од многу Македонци промоторот на македонските вредности не може да добие пасош ниту да ја врши симболичната функција што ја имал

To top