Македонија

Јавниот обвинител Коцевски поднесол оставка пред Собранието да расправа за негова смена

Бара Собранието на закажаната седумдесет и шеста седница да го утврди престанокот на функцијата

 

Јавниот обвинител на Република Македонија, Љупчо Коцевски, поднел оставка од функцијата пред Собранието да расправа за неговото разрешување, објави Радио Лидер од каде го објавуваат документот со оставката.

Во документот Коцевски официјално бара престанок на функцијата, пред закажаната седумдесет и шеста седница на Собранието.

 

 

Во продолжние може да го погледнете во целост документот:

Предмет: Барање за престанок на функцијата Jавен обвинител на Република Северна Македонија

 

Почитувани,

За ден 16.12.2025 година со почеток во 11 часот закажана е седумдесет и шестата седница на Собранието на Република Македонија, на која е предвидено да се разгледува Предлогот за мое разрешување од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија.

 

 

Ве известувам дека во смисла на член 86 став 1 алинеа 1 од Законот за Јавно обвинителство, до Собранието на Република Македонија поднесувам барање за престанок на функцијата Јавен обвинител на Република Македонија и во смисла на член 86 став 2 од Законот за јавно обвинителство барам Собранието на закажаната седумдесет и шеста седница да го утврди престанокот на мојата функција како јавен обвинител на Република Македонија.

 

 

 

 

Потпис на јавниот обвинител

Барањето е официјално потпишано од Љупчо Коцевски во својство на Јавен обвинител на Република Северна Македонија, со што тој формално ја известува законодавната власт за својата одлука да ја напушти функцијата пред да се спроведе постапката за разрешување.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

Јубилеен РЕсет со Реплек во Охрид: Десетто издание посветено на добросостојбата

По девет успешни изданија во различни градови низ земјава, „Реплек“ на 23 август во Охрид, со почеток во 19.00 часот, ќе го организира јубилејното десетто издание на РЕсет, платформа посветена на поттикнување здрави животни навики, физичка активност и грижа за добросостојбата. Во зеленилото на Голф клубот Охрид ќе се одржи тренинг на зајдисонце, на кој […]

To top