Македонија

Нова кривична пријава против ексградоначалникот Костадин Костадинов за штета од над 668 илјади денари

„несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“

Кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и „злоупотреба на службената положба и овластување“ е поднесена против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, како и против двајца вработени во општинската администрација, соопшти Министерството за внатрешни работи.

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднело кривична пријава против К.К. (35) и Б.Ш. (64), двајцата од Струмица, поради сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против И.Г. (54) од Струмица, поради сомнение за „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Според МВР, И.Г., во својство на раководител на Одделението за администратирање на приходи при Општина Струмица, постапувала спротивно на Законот за даноците на имот. Таа, во четири наврати, ги пречекорила своите овластувања со изготвување решенија за даночно ослободување од данок на промет на недвижен имот при продажба на станови од станбена куќа со наменска класификација А1.

Ослободувањата биле одобрени со повикување на член 25 од Законот за даноците на имот, иако таа законска одредба се однесува исклучиво на станбени згради и станови со номенклатура А2.1, а не на станбени куќи со класификација А1.1, какви што биле предметните недвижности.

Дополнително, во три од четирите случаи, И.Г. се потпишала и во полето „потврдил/контролирал“, иако за тоа бил надлежен второпријавениот Б.Ш., кој во тие моменти бил отсутен.

Б.Ш., како раководител на Секторот за финансиски прашања, и Костадин Костадинов, како тогашен градоначалник на Струмица, според пријавата, постапиле несовесно и пропуштиле должен надзор над предметите. И покрај неправилностите, тие ги потпишале решенијата за даночно ослободување изготвени од И.Г.

Со ваквото постапување, како што наведува МВР, на буџетот на Општина Струмица му била нанесена штета во износ од 668.388 денари.

Кривична пријава за ексградоначалникот на Струмица, Костадинов

Ова е втора кривична пријава против поранешниот градоначалник Костадин Костадинов. Пред околу две недели, против него и уште пет лица беше поднесена кривична пријава за злоупотреба во постапка за јавна набавка поврзана со набавка на електрични автобуси за Општина Струмица. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

To top