Македонија

Пра­вос­лав­ни­те хрис­ти­ја­ни го слават Све­ти Ни­ко­ла

Во народната традиција тој се смета за Чудотворец, строг, но исклучително праведен светител

Православните христијани во Македонија го одбележуваат празникот Свети Никола, една од најраспространетите семејни слави меѓу Македонците, но и меѓу останатите православни верници.

Свети Никола е роден е во Патара, Ликија, Мала Азија околу 270 година, како единствено дете на неговите родители Теофан и Нина. При неговото крстење го добил името Никола кое во превод значи народен победник. Како дете, со голем восхит пристапувал кон проучувањето на Светото писмо.

Не­го­ви­те бо­га­ти ро­ди­те­ли Те­о­фан и Нина, си­нот Ни­ко­ла го до­би­ле во вре­ме на вла­де­е­ње­то на рим­ски­от цар Ва­ле­ри­јан (253 – 260 го­дина), ал­чен чо­век што по­ра­ди страс­та за зла­то­то ор­га­ни­зи­рал во­ен по­ход на Пер­сис­ко­то цар­ство.

Никола духовниот живот го стекнал преку неговиот чичко кој исто така бил црковно лице, замонашувајќи се во манастирот Нов Сион. По смртта на своите родители, Никола го продал целиот свој наследен имот и парите од продажбата ги поделил помеѓу сиромасите.

Додека бил свештеник во својот роден крај, се прочул со делата на својата милостиња. Христијаните веруваат дека му се јавил гласот на Господ кој му рекол: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака“ (Матеј 6, 3). Набргу потоа бил избран за архиепископ на градот Мира, денешна Турција.

Тој бил и еден од ар­хи­е­пис­ко­пи­те што биле по­ви­ка­ни пред ца­рот Кон­стан­тин на са­бо­рот во Ни­ке­ја во 325 го­дина.

Све­ти Ни­ко­ла ум­рел на 19 де­кем­ври 343 го­дина.

Пог­ре­бан е во со­бор­на­та цр­ква Мир­ли­киј­ска мит­ро­по­лија, а кон кра­јот на 11 век не­го­ви­те мош­ти се пре­не­се­ни во Бари, во ма­нас­ти­рот Све­ти Јо­ван Пре­теча.

Со овој празник се поврзани бројни народни верувања и обичаи, кои, и покрај времето, сè уште се почитуваат во многу домови. Во народната традиција, Свети Никола важи за строг, но исклучително праведен светител. Се верува дека токму на неговиот ден човек треба да внимава на своето однесување и постапки, бидејќи секое непочитување на обичаите може да донесе немир, болест или несреќа во домот.

Според старите верувања, на овој празник треба да се избегнуваат одредени активности. Не се препорачува перење алишта, чистење на домот или извршување тешки домашни работи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top