Македонија

Мицкоски: Реален е економски раст помеѓу 3,5 и 4 проценти во првиот квартал

„Врз основа на првичните индикатори, постои реална можност економскиот раст на земјата во првиот квартал да биде помеѓу 3,5 и 4 проценти и дека ќе бидеме едни од најдобрите во Европа“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот „Македонија 2025“, кој од денес се одржува во Скопје. Според него, доколку се подобри состојбата […]

„Врз основа на првичните индикатори, постои реална можност економскиот раст на земјата во првиот квартал да биде помеѓу 3,5 и 4 проценти и дека ќе бидеме едни од најдобрите во Европа“, изјави премиерот Христијан Мицкоски на првиот панел од Самитот „Македонија 2025“, кој од денес се одржува во Скопје.

Според него, доколку се подобри состојбата во европската економија, особено во автомобилската индустрија, тогаш постои можност за уште повисоки перформанси кои ќе се движат помеѓу пет и шест проценти.

Премиерот ја опишува Македонија како главна раскрсница каде, како што рече, „се пресекуваат коридорите 8, 10 и 11, кои, додаде, „се многу важни за јужното крило на НАТО и затоа нашите идни напори ќе бидат насочени кон интензивен развој на инфраструктурата“.

„Имаме потенцијал и во однос на перформансите сме пред сите други. Првата година од мандатот беше многу тешка и полна со предизвици бидејќи мораше да го запреме слободниот пад со кој се соочуваше земјата и е нереално да се започнуваат реформи кога сè уште решаваме фундаментални, суштински проблеми“, нагласи Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Претседателот на МАЕИ, Стерјовски, во посета на Муфтиството на Корча

Од име на Македонците вам и на сите верници во посакувам честит Рамазан Бајрам. Нека овој свет ден донесе мир, благосостојба и хармонија во секое семејство што го слави. Нека надвладее духот на солидарност и разбирање, делејќи ја радоста со оние на кои им е најпотребна, посакал Стерјовски

Повторно проблеми кај пациентите – фалат ленти и глукомери за дијабетичарите

Д-р Наташа Недеска Минова, супспецијалист дијабетолог од Центарот за дијабетес од Градската општа болница „8 Септември“, изјави дека идејата за Прирачникот за исхрана на дијабетичари се родила како потреба од она што било увидено во нивната секојдневна клиничка пракса и дека пациентите се наоѓаат во една голема конфузија помеѓу она што се нуди во современата нутритивна наука и дијабетика за дијабетичари и оние информации со коишто секојдневно доаѓаат било преку медиумите, било преку свите роднини, пријатели односно лица кои не се соодветно едуцирани за исхрана.

To top