Бизнис

Исплатени близу 5,5 милиони евра субвенции за сточарите

Корисниците на кои не им се исплатени субвенции за 2023 година трреба да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај, соопшти Министерството за земјоделство.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека е реализирана исплата на субвенции во вкупен износ од 335.963.096 денари (влизу 5,5 милиони евра) кон 1.211 сточари, согласно Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година. Од Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство информираат дека исплатата е дел од континуираните активности за навремена поддршка на земјоделскиот сектор и стабилизирање на сточарското производство.

Во врска со корисниците на кои сè уште не им се исплатени средства по основ на субвенции за 2023 година, од Министерството појаснуваат дека е неопходно тие да се обратат до Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, каде што ќе се изврши детална проверка и индивидуално разгледување на секој поединечен случај.

Од МЗШВ најавуваат дека и во наредниот период ќе продолжат со активностите насочени кон унапредување на земјоделството и навремена финансиска поддршка за земјоделците низ целата држава.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): Од долгогодишен застој и долгови, до позитивен раст, инвестиции и резултати, вели Трипуновски

Цветан Трипуновски се осврна на работењето во изминатите две години. Рече дека затекнале застој, институционален хаос, наталожени проблеми и нерешени предмети. Пад на производство, неплатени субвенции.

НБРМ: Надворешниот долг на Македонија се искачи на речиси 13 милијарди евра

Надворешниот долг на Македонија продолжува да расте. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на првиот квартал од 2026 година бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува зголемување од 742 милиони евра или 6,1 проценти во однос на крајот на 2025 година.

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола посветени сме на највисоките стандарди во интерес на заедницата

ТИТАН Усје е одговорен член на заедницата кој транспарентно работи и делува во согласност со законските обврски и континуирано инвестира во развој на општеството во целина.

(Видео): Ребаланс на буџет – Стабилност на јавните финансии, повеќе пари за инвестиции, економска активност и квалитетни услуги за граѓаните

Повеќе пари за патишта, железница и локални инфраструктурни проекти, но и повисок буџетски дефицит. Владата го усвои ребалансот на Буџетот за 2026 година со кој капиталните расходи се зголемуваат за 5,8 милијарди денари, додека дефицитот достигнува 46,1 милијарди денари или 4,1 процент од БДП.

Државата дава неповратни 615.000 денари за сопствен бизнис

Парите се наменети за основање друштво со ограничена одговорност (ДОО) од двајца содружници, при што секој ќе поседува по 50 проценти од уделот во фирмата. Максималниот износ на грантот е 1,23 милиони денари, а парите ќе се користат за набавка на опрема и материјали предвидени во бизнис-планот.

Најнови вести

To top