Елиф Елмас и фудбалерите на Наполи се израдуваа на првиот трофеј сезонава, откако со победата од 2:0 над Болоња во Ријад го освоија Суперкупот на Италија.
Давид Нерес ги постигна и двата гола за тимот од Неапол, кому ова му е трета титула во ова натпреварување, прва за репрезентативецот на Македонија, кој токму во дресот на Наполи освои по еден пехар и во Серија А, како и во Купот на Италија.
„Македонскиот дијамант“ беше во почетниот состав на Антонио Конте и остана во игра до замената во 68. минута, а за прикажаното на теренот доби оценка 7,3 и беше петтиот најдобро оценет играч во победничкиот тим.
Елмас во 10. минута биеше само неколку сантиметри покрај левиот дирек, а шест минути подоцна противничкиот голман го одбрани неговиот удар по земја од далечина.