Бизнис

Славески: Очекувањата се дека годишната инфлација ќе биде околу 4%, во рамки на проекцијата

Годишната стапка на инфлација во ноември забави и се сведе на 4%, наспроти 4,5% во октомври. Годишната стапка на инфлација остварена во ноември и понатаму е над историскиот просек, поради што инфлацијата и нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму се во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во надолна насока, што упатува на помали увозни ценовни притисоци во однос на претходните очекувања.

Очекувањата на гувернерот на Народната банка Трајко Славески се дека годината ќе ја завршиме со инфлација од 4 или приближно 4 проценти како што е и проекцијата на централната банка. Во одговор на новинарско прашање по денешната прес-конференција, Славески рече дека очекувањата за следната година се дека инфлацијата и понатаму ќе се намалува и ќе биде меѓу 2,5 и 3 проценти, а на среден рок ќе се достигнат историски најниските нивоа од околу два процента.

  • Инфлацијата имаше надолен тек во првите месеци од годината и на изненадување забрза неколку месеци, но летото забележавме дека дури имавме месеци со дефлација, минус 0,2 проценти, така беше мислам во август во однос на јули. Стабилизирањето го сметаме дека нагорниот тренд не е преобратен и веќе имаме мали промени од месец во месец. Во октомври имаме раст од 4,5 проценти. И проекциите и очекувањата упатуваат на тоа дека годишната инфлација за оваа година ќе биде во рамки на нашата проекција, односно околу 4 или блиску до 4 проценти. Нашата проекција беше 3,9 проценти, а проекциите за наредната година ви се познати, рече Славески.

Статистичките податоци за инфлацијата во декември се очекува да бидат објавени на 8 јануари. Статистика измери дека во ноември трошоците за живот на годишно ниво се зголемени за 4 проценти.

Годишната стапка на инфлација во ноември забави и се сведе на 4%, наспроти 4,5% во октомври. Годишната стапка на инфлација остварена во ноември и понатаму е над историскиот просек, поради што инфлацијата и нејзиното одржливо стабилизирање и понатаму се во фокусот на монетарната политика. Најновите проекции за берзанските цени на примарните производи за наредниот период се ревидирани претежно во надолна насока, што упатува на помали увозни ценовни притисоци во однос на претходните очекувања. Оттука, ризиците за идната динамика на инфлацијата и понатаму постојат, а се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз агрегатната побарувачка.

Состојбата на девизниот пазар и натаму е стабилна. На крајот на ноември, нивото на девизните резерви изнесува 4.862,2 милиона евра, што според сите меѓународни показатели за адекватноста на девизните резерви се оценува како соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, остварувањата на менувачкиот пазар заклучно со ноември упатуваат на нето-приливи од приватните трансфери коишто се малку пониски од очекувањата за четвртиот квартал. Трговскиот дефицит проценет за четвртиот квартал од годината, во согласност со податоците за надворешнотрговската размена во октомври, е малку повисок од очекувањата, иако периодот сѐ уште е краток за попрецизна оцена.

Во третиот квартал од 2025 година, растот на економската активност забрза и изнесува 3,8% на годишна основа. Ваквото остварување е малку повисоко во однос на оцената за третиот квартал во рамките на октомврискиот циклус проекции. Економскиот раст целосно произлегува од позитивниот придонес на домашната побарувачка, што главно е резултат на растот на бруто-инвестициите, при негативен придонес на нето-извозот, заради посилен годишен раст на увозот од извозот на стоки и услуги. Расположливите високофреквентни податоци за последниот квартал се ограничени, но засега октомвриските податоци за индустриското производство и прометот во вкупната трговија упатуваат на натамошни поволни трендови. Светската неизвесност, особено поради трговските политики и геополитичките тензии, и натаму претставува најголемиот надворешен ризик за домашната економија. Во однос на домашното окружување, обемот и динамиката со коишто ќе се остваруваат домашните инфраструктурни проекти се едни од клучните фактори за темпото на економскиот раст.

Во однос на движењата во монетарниот сектор, стапките на раст на депозитите и кредитите на банките, заклучно со ноември, упатуваат на натамошно јакнење на депозитната база на банките и на нивна солидна кредитна поддршка за економската активност. Притоа, годишните стапки на раст кај депозитите и кај кредитите постепено забавуваат, иако засега сѐ уште се над очекувањата за последниот квартал од годината.

Општо земено, со одлуката донесена од Народната банка и натаму се задржува внимателниот пристап во водењето на монетарната политика, односно нејзината поставеност е непроменета. Утврдените нивоа на каматните стапки и понудениот износ за вложување во благајнички записи овозможуваат примена на новата оперативна монетарна рамка, со истовремено непроменета монетарна поставеност. Надворешните ризици и понатаму постојат, а внимателно се следат и домашните фактори коишто влијаат врз доходот и побарувачката. Народната банка останува подготвена да ги користи сите расположливи инструменти и доколку е потребно, ќе преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност на среден рок.

Најнови вести од: Бизнис

Дали ќе поскапи храната во пресрет на празниците?!

Министерот Дурмиши најави силна економска агенда на Министерството за економија и труд во 2026 година и пред сè, старт на два многу важни економски закони Законот за вработување на сезонски работници и Законот за финансиска поддршка на инвестициите.

Трезорот продолжува со редовна исплата на налози: Исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи

Министерството за финансии продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година.

Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

Причина за прогласувањето на кризна состојба е неможноста за набавка на мазут, кој е неопходен за производството на електрична енергија. Владата информира дека задолжителните резерви на нафтен дериват ќе се отстапат без надоместок, а АД ЕСМ ќе има обврска да доставува извештај за трошењето на мазутот до Владата и до Министерството за финансии.

Инфлацијата е стабилизирана – девизните резерви се на сигурно ниво, вели Гувернерот Славески

Во последните четири месеци не само што инфлацијата е стабилизирана туку имаме и месеци на нејзино намалување. Од особена важност е што се стабилизирани инфлациските очекувања на домаќинствата и на фирмите, односно нема очекувања за постојан раст на цените и сметам дека тоа е постигнато, нагласи Славески.

Исплатени близу 5,5 милиони евра субвенции за сточарите

Корисниците на кои не им се исплатени субвенции за 2023 година трреба да се обратат до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со цел да се изврши детална проверка и разгледување на секој поединечен случај, соопшти Министерството за земјоделство.

Мицкоски: Зголемување на минималната плата преку дијалог, не преку наметнати решенија

Економско-социјалниот совет не донесе одлука за зголемување на минималната плата. Владата тврди дека не е против зголемување, но инсистира тоа да биде економски оправдано. Според актуелните параметри, нема потреба од интервентно зголемување пред редовното усогласување во март.

To top