Македонија

Уставните судии отворија пат платите на сите судии и обвинители да се уште повисоки

Уставниот суд донесе одлука да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите, соопшти претседателот на Судот, Дарко Костадиновски по завршување на седницата и гласањето по понесените иницијативи, наведувајќи дека тоа е во насока на заштита на судската независност од извршната и законодавната власт.

Уставните судии на седница одлучија да поведат постапка за оценување на уставноста и законитоста на измените на Законот за платите на судиите и обвинителите. По познатото и критикувано решение во 2023 година платите на сите избрани и именувани лица да се зголемат за цели 78 проценти, по бурата реакции, во 2024 година со закон на сите избрани лица им се намали коефициентот за определување на платите за 0,5 проценти. Ова особено ги погоди судиите и обвинителите кои се побунија бидејќи, како што велеа, според закон никој нема право да им ги намали платите.

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски рече дека одлуката е во насока на заштита на судската независност од извршната и законодавната власт.

Уставните судии биле согласни дека ваквите законски интервенции претставуваат директен упад во финансиската независност на судската власт и се во спротивност со меѓународните стандарди.

  • „Општоприфатените норми на меѓународното право се применуваат на различен начин, дали се разработени во конвенции, дали во мислења и ставови на Советот на Европа или преку практиката на Европскиот суд за човекови права, или преку мислењата на Венецијанската комисија, тие создаваат стандарди. Кога тие ќе создадат стандарди, ние како Суд сме должни да ги почитуваме. Во конкретниот случај, за намалување на платите на судиите, постојат меѓународно прифатени стандарди. Сумирано, овие стандарди аплицирани на конкретниот случај значат гаранција против намалувањето на платите на судиите, но ова е уште поважно: сите овие меѓународни стандарди упатуваат дека платата на судиите не е техничко прашање, туку е статусно прашање нераскинливо врзано со нивната независност и самостојност. Значи, ако се допре во платата, според меѓународните стандарди, тоа значи навлегување во независноста и самостојноста на судиите“, рече Костадиновски.

Претходно, во дискусијата со уставните судии, тој се повика на препораките на Советот на Европа и на Европската повелба за статусот на судиите, според кои, како што рече, судските плати мора да бидат заштитени од намалување за време на мандатот на судијата и секоја земја членка треба да воведе посебни правила за заштита на овие примања.

  • „Општоприфатените норми на меѓународното право се применуваат на различен начин, дали се разработени во конвенции, дали во мислења и ставови на Советот на Европа или преку практиката на Европскиот суд за човекови права, или преку мислењата на Венецијанската комисија, тие создаваат стандарди. Кога тие ќе создадат стандарди, ние како Суд сме должни да ги почитуваме. Во конкретниот случај, за намалување на платите на судиите, постојат меѓународно прифатени стандарди. Сумирано, овие стандарди аплицирани на конкретниот случај значат гаранција против намалувањето на платите на судиите, но ова е уште поважно: сите овие меѓународни стандарди упатуваат дека платата на судиите не е техничко прашање, туку е статусно прашање нераскинливо врзано со нивната независност и самостојност. Значи, ако се допре во платата, според меѓународните стандарди, тоа значи навлегување во независноста и самостојноста на судиите“, рече Костадиновски.

Сооред него одлуката за платите на судиите не значи нивно зголемување, туку спречување понатамошно намалување и заштита на уставно поставената власт и уставните прерогативи за независност и самостојност. Сепак според пресметките, ако помине ова барање за враќање на претходниот коефициент за пресметка на плата, судиите и обвинителите би добивале дополнително околу 250 евра месечно.

Најнови вести од: Македонија

Министри заедно со градоначалници ќе го убедуваат УНЕСКО за зачувување на статусот на Охридскиото езеро

На средбите ќе бидат потенцирани цврстите заложби на Владата за зачувување на статусот на природното и културното наследство на Охридскиот Регион. Исто така, ќе биде истакнато дека државата воспоставува систем за заштита кој гарантира зачувување на интегритетот и автентичноста на Охридскиот Регион како исклучителна универзална вредност.

Протест нека има, но да не се попрачува работа на пратениците, порача спикерот Гаши

Пратениците утре сами да се снајдат како ќе дојдат на работа откако ССМ најави блокада пред законодавниот дом каде ќе ги испратат барањата за раст на платите. Собранискиот спикер Африм Гаши на брифинг со новинарите посочи дека правото на протест е загарантирано, но и дека народните избраници мораат да си ја работат својата работа, исто како и МВР кое е задолжено за безбедноста на сите.

Пратениците ќе треба пешки да дојдат на работа в Собрание – сите влезови ќе се блокирани

Преку блокада на Собранието утре работниците со уште една порака до пратениците – да го одблокираат законот за минимална плата кој стои заглавен повеќе до една година, а македонските семејства се повеќе тонат во сиромашттија.

„Одговорноста не застарува“, реагира на изјавата на Заев, Јане Ченто – осуден за „27 април“

Јане Ченто, осуден за настаните од 27 април, со остра реакција се осврна на денешната јавна изјава на Зоран Заев, оценувајќи дека таа претставува навреда за интелигенцијата на народот. Според Ченто, човекот кој, како што наведува, ја распарчил државата, денес зборува како да нема никаква одговорност за хаосот што го оставил зад себе.

Имал луксузно возило „Порше“ и без око да му трепне возел без дозвола

Како што соопшто МВР, ноќта кон неделата, околу 00:20 часот по полноќ на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода 27-годишниот Р.И. од село Требош кој управувал луксузно возило „Порше“ без возачка дозвола.

Минчев: Tехничка влада уште за следните парламентарни избори, па се укинува

Измените на Законот за Влада, со кои се предвидува укинување на техничката, односно т.н. пржинска влада, се наоѓаат во завршна фаза. Предлог-законот ќе биде доставен од Министерството за јавна администрација до Владата, по што ќе следи собраниска расправа, изјави министерот за јавна администрација Горан Минчев во гостување во ТВ Сител.

МО: Случајот со шуга кај професионални војници не потекнува од касарната во Велес! Да не се нарушува угледот на Армијата на Македонија!

Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од заразната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана на Република Македонија информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, заради манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна штета на угледот на Армијата на Република Македонија.

Ѓорѓиевски: Булеварот „Македонија“ ќе ја отвори вратата кон нашето современо и безбедно Скопје! (Видео)

„Засилено и со јасна визија се работи на првата фаза од булевар „Македонија“, проект што го менува ликот на градот и ја отвора вратата кон современо и функционално Скопје!“ – порача преку својот официјален фејсбук-профил градоначалникот на македонската метропола Орце Ѓорѓиевски.

To top