Македонија

Од 1 јануари студентите и пензионерите ќе може да работат како сезонски разботници

Законот за работно ангажирање лица опфаќа дополнителна заработувачка на студентите, социјално загрозените, пензионерите и невработените лица. Ќе бидат опфатени вкупно околу 17.000 лица.

Стопанствениците од Пелагонискиот регион го поздравуваат Законот за работно ангажирање лица  кој стапува на сила од 1 јануари, но бараат да бидат опфатени и други дејности, освен сезонците ангажирани во угостителството, земјоделството и услужните дејности, беше еден од заклучоците на денешната седница на Регионалните стопански комори на Прилеп и на Битола што се одржа во Прилеп. Според Никола Мариноски, претседател на Прилепската регионална стопанска комора, потребни се сезонски работници и во другите дејности, а законскиот ангажман, годишно од 120 до 180 дена да се прошири како и работните часови.

  • Го поздравуваме законот за работно ангажирање лица што сатапува во сила на први јануари. Во очекување сме на неговата имплементација. Побаравме да има проширување на дејностите, бидејќи, горе-долу, во сите дејности има потреба од работна сила. Министерството за екномија и труд најави дека по првите проверки како ќе профункционира Законот, ќе има можност да се разгледуваат и тие работи. Се надеваме дека ќе им излезат во пресрет на поголемите компании за да може и тие да ангажираат работно вакви сезонски вработувања, но и да се зголеми бројот на денови годишно, досега е до 180 дена годишен ангажман,како и бројот на часови во месецот. Инаку, ваков работен ангажман има потреба во конзервната индустрија и во другите делови на индустриските капацитети –  изјави Мариноски.

Министерството за економија и труд е отворено за соработка, но прво да се видат ефектите од Законот.

  • Треба да се има трпение. Да видиме како Законот ќе се имплементира со овие дејности, а понатаму како Влада и Министерство сме отворени за соработка и да се прошири Законот со други дејности според потребите на пазарот на труд. Инаку, бенефитите се во намалувањето на неформалната, сива економија и во работното ангажирање на лица кои  недостигаат во дејностите, а тие дополнително да заработат – изјави Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд.

Управата за јавни приходи го поздравува Законот зашто  се ефектуира наплатата на даноците за стабилно финансирање на јавните добра и услуги. Освен тоа, помага и пилот проектот кој ќе се имлементира од први јануари, а тоа е системот за е- фактурирање.

  • Преку овие дополнителни придонеси со Законот, а ќе бидат симболични, се намалува готовината која сега се користи  за плаќање на неформално вработените, а претставува неевидентиран промет и приход и помало плаќање на другите даноци. И  пилот системот кој се воведува од први јануари за е-фактурирање е во насока на намалувањето на сивата економија – рече Елена Петрова, директорка на УЈП.

Законот за работно ангажирање лица опфаќа дополнителна заработувачка на студентите, социјално загрозените, пензионерите и невработените лица. Ќе бидат опфатени вкупно околу 17.000 лица.

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top