Регион

Градоначалникот на Лерин забрани да се пее на македонски јазик

Македонска песна смее да се изведува исклучиво инструментално

Традиционалната празнична прослава на Коледе во Лерин (Флорина) беше нарушена од политички интервенции, откако градоначалникот Василеос Гианакис забрани пеење на македонски јазик.

Инцидентот се случил за време на настапот на музичкиот бенд „Ендопика“. Музичарите, кои се подготвувале да ја изведат македонската народна песна „Софка на татко“, добиле јасно упатство од градските власти:

  • Забрането е пеење на македонски јазик.
  • Песната смее да се изведе исклучиво инструментално.

Оваа одлука го претвори културниот настан во демонстрација на моќ и цензура врз македонското малцинство.

За активистот за правата на Македонците во Грција, Павле Васкопулос, овој чин не е изненадување. Тој истакнува дека ваквите случаи на притисок и дискриминација не се новост за Македонците во Леринско, Костурско и Воденско.

„Граѓаните кои јавно зборуваат за своите права и јазик често се етикетирани како ’скопски агенти’ и се соочуваат со стигматизација“, предупредува Васкопулос. (ТВ24)

Најнови вести од: Регион

Бугарија одобрила извоз на шпионски софтвер и опрема за странски разузнавачки служби

Human Rights Watch предупредува дека лиценците се „јасен доказ“ дека Бугарија одобрува извоз на технологија за следење кон земји со долга историја на злоупотреба на таква опрема за кршење на човекови права

Борисов кажа што треба да направи Македонија за да почне, а што понатаму за да продолжи преговори со ЕУ

Го поздрави усвоениот Извештај за напредокот на Македонија за 2025 година наведувајќи дека европратениците испратиле јасна порака во поддршка на почитувањето на преземените обврски на европскиот пат на Македонија

To top