Македонија

Од денес шестоседната жичарница на Скијачкиот центар Попова Шапка во целосна функција – се очекуваат снежните врнежи (Видео)

„Шестоседната жичарница на Скијачкиот центар Попова Шапка ќе биде отворена за панорамски прошетки, нудејќи им на посетителите единствено доживување и прекрасни погледи кон нашата планинска околина.“ – информираат од овој скијачки центар.

„Климатските услови остануваат исти, непроменети. Сепак, се надеваме дека свежите снежни врнежи ќе пристигнат наскоро, што ќе овозможи скијачите да уживаат во скијачките патеки на нашиот центар на Попова Шапка. Со подобрување на условите планираме официјално отворање на зимската сезона и со нетрпение очекуваме да ве пречекаме за сезона исполнета со спорт, забава и незаборавни искуства.“ – дополнуваат во своето соопштение од Скијачкиот центар Попова Шапка.

Видео

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top